Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Стојкоски: Стоп за дезинформации и паника, во Општина Ѓорче Петров нема и ниту ќе има мигрантски кампови

Стоп за дезинформации и паника! Советот на Општина Ѓорче Петров јасно и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стоп за дезинформации и паника! Советот на Општина Ѓорче Петров јасно и недвосмислено ја отфрла секоја лага и манипулација поврзана со наводно прифаќање мигранти или изградба на мигрантски кампови, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук статусот на градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Во нашата општина нема, ниту било побарано, ниту ќе биде дозволено воспоставување мигрантски кампови или трајно сместување мигранти.

Свесното ширење дезинформации создава страв, несигурност и ја нарушува стабилноста и соживотот во локалната заедница. Тоа не е политика – тоа е неодговорност.

Реклама

Стоиме цврсто во заштита на безбедноста, јавниот ред, меѓуетничката стабилност и мирниот живот на нашите граѓани.

Ги повикуваме сите политички чинители на одговорен јавен говор и почитување на фактите.

Мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ги усвои следните заклучоци:

НЕМА мигрантски кампови во општината

НЕ Е побарано ниту НЕ Е договорено прифаќање мигранти

НЕМА да биде дозволено трајно сместување мигранти

Заклучоци:

Се осудуваат лажните информации и политичките манипулации

Се констатира дека дезинформациите создаваат паника и несигурност

Се потврдува јасна политика против нелегалната миграција

Се дава поддршка на мерките на Владата за безбедност и стабилност

Се штитат меѓуетничките односи, мирот и соживотот

Општината останува цврсто посветена на безбедноста и мирниот живот на граѓаните.