Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Стојаноски: Техничката влада е неодржлив концепт и не е добар за имиџот на државата 

 Техничката влада е неодржлив концепт и не е добар за имиџот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Техничката влада е неодржлив концепт и не е добар за имиџот на државата, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, а се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој за време на гостувањето на една од националните телевизии, на самиот почеток се осврна на темата за блокадите кон Македонија од Бугарија за влез во Европската Унија и истакна дека ставот на Владата е јасен, односно предвидлива иднина кон патот на Европската Унија без притоа да има одредени пречки коишто задираат во идентитетот на државата. 

„Европската Унија и членството во Европската Унија е централната оска на нашето позиционирање, нашиот став, принципиелен и јасен од времето кога бевме опозиција, предвидлива иднина кон патот на Европската Унија без притоа да бидеме ветоизирани, без притоа да бидеме кочени, без да имаме одредени пречки на патот коишто задираат во нашиот идентитет. Во последниов период гледаме еден нејасен маневар од страна на СДСМ, замислете да имате одредена одлука за којашто сте ги загубиле изборите, да дојдете до историски минимум на 150.000 гласови, потоа на уште еден минимум од 125.000 гласови, по јавните мерења да гледате дека граѓаните се остро против тој предлог којшто вие го заговарате. Ние имаме еден принцип и еден став за којшто добивме и доверба од граѓаните на изборите, ние само сакаме некој да ни одговори на прашањето што доколку ги направиме уставните измени и за неколку месеци повторно бидеме ветоизирани“, рече Стојаноски и додаде: 

Реклама

„Како ние да поверуваме дека тоа ќе биде последната отстапка кога вие имате изјава на бугарски министер за надворешни работи, новиот избран премиер, дека уставните измени не се последното барање. Не постои реформа, не постои начин, не постои одредено нешто коешто ние не сме го жртвувале или исполниле за да бидеме дел од тоа европско друштво, за на крај да заглавиме во билатерален спор, овој проблем којшто ние сега го имаме со ветото го направи СДСМ и ДУИ“. 

Во врска со законските измени за укинување на техничката влада Стојаноски објасни дека тој концепт е повеќе неодржлив поради условите коишто се одамна променети, а за коишто истиот бил формиран. 

„Изјавите дека треба техничката влада да се напушти како концепт не датираат од сега туку од 2020 година, сметам дека поранешните премиери на СДСМ го имаат тоа елаборирано како став дека треба да се напушти тој концепт. Ние со ова ветување излеговме пред изборите, организиравме лидерска средба, на лидерската средба сите бевме согласни. Тој е концепт којшто е неодржлив бидејќи одамна се веќе променети условите заради коишто беше формиран, финансиски чини, не е добро за имиџот на државата зошто не постои друга земја во Европа којашто ја има оваа техничка влада. Пост-мониторингот од Советот на Европа укажа дека во државава нема веќе опасности како што тогаш сметаше опозицијата и затоа сметавме дека треба да го промениме законот“, дециден е Стојаноски.