Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Стојаноски: Со Кривичниот законик се проширува основата за инкриминација и се заострува затворската казна

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски за време на гостувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски за време на гостувањето на една од дебатните емисии на телевизиите во Македонија истакна дека Кривичниот законик ја проширува основата за инкриминација и ја зголемува казнената политика, дури и за дела сторени пред 2023 година, с евели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Овој закон кој е поднесен од нас е преодно решение, бидејќи во февруари месец Уставниот суд  побара од Собранието да се донесе нов Кривичен законик бидејќи ако не се случеше тоа ќе се направеше еден феномен на “правна празнина“, којшто потоа сите оние кој што во овој момент одговараат или се пред судовите со вакви квалификативи ќе можеа да бидат амнестирани од одговорност. Во овој момент има два процеси во нашата држава, еден процес на овој закон којшто е преодно решение до наредната година и уште еден Кривичен законик којшто ќе биде изгласан наредната година којшто е во согласност со европската регулатива. Тоа што треба да го знаат граѓаните ќе го сумирам во една реченица, се враќаат сите правни квалификативи кои што можат да бидат инкриминирани дури и пред 2023 година и се заоструваат затворските казни“, рече Стојаноски.

Пратеникот Стојаноски посочи дека со измените во Кривичниот законик  се проширува основот за инкриминација и за гонење при злоупотреба на службена должност, а воедно и дека се заоструваат затворските казни.

Реклама

„Само што ги поднесовме измените ние кажавме дека го прошируваме основот на инкриминација дури повеќе од 2023 година, ако споредуваме законот што важел пред 2023 година и овој, овој наш поднесен предлог повеќе ги проширува основите за инкриминација и ја заострува затворската казна. Не само што ја зголемува платформата за инкриминација и за гонење по членот 353 односно злоупотреба на службената должност и овластување, и ги заострува затворските казни, доколку некој тоа го стори“, рече Стојаноски.