Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Стојаноски: Продолжуваме со капитални инвестиции, економски раст и зголемување на платите и пензиите  

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во гостување на дебатна телевизија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во гостување на дебатна телевизија на Алфа телевизија, се осврна на актуелните економски политики, за растот и развојот во државата како и за многуте капитални инвестиции кои ќе продолжат да се реализираат во насока на подобрување на животот на секој еден граѓанин.

-Покрај тоа што се стабилизираат јавните претпријатија кои беа огромни загубари во изминатиот период, се најде начин заедно  со Владата да се влезе во соработка да набават 150 нови автобуси за ЈСП коишто ќе се движат на електричен погон, 40 нови камиони за Комунална хигиена. Ние одлучивме да ги помогнеме општините со проекти отприлика 325 милиони евра и во најголем дел од општините многудецениски проблеми беа надминати и беа решени. Очекувам преку програмата за поддршка од Владата кон општините да се реализираат многу проекти кои што тоа ќе можат граѓаните да го видат секој ден. Ќе добиеме во Скопје еден комплетно нов булевар, првата фаза во тоа да ја добиеме во Скопје првата подземна сообраќајница – рече Стојаноски.

Пратеникот Стојаноски истакна дека ќе продолжи политиката на покачување на платите и пензиите и зголемување на бројот на работни места, а со тоа и економскиот раст, а инфлацијата ќе се задржи на стабилно ниво.

Реклама

-Сметам дека ќе продолжиме исто како и претходните пет квартали а тоа е раст над 3%, инфлацијата ќе ја задржиме на едно стабилно ниво од 2,5%, мислам дека оваа година ќе ја донесеме до тоа ниво, ќе реализираме многу капитални инвестиции, ете 10-тина инвестиции очекуваме да ги финализираат своите одлуки и да инвестираат во Република Македонија, и оваа година ќе продолжиме со политиката на покачување на платите и пензиите, да ја стимулираме потрошувачката, ќе продолжиме да ги финансираме проектите кои значат раст и развој. Она кое што значи наша економска филозофија да ја донесеме до одреден зенит, затоа и сметаме дека оваа година не треба да имаме никакви предизвици кои ќе значат одложување на тој наш пат. Гарантираме беспоштедна борба дека граѓаните ќе живеат подобро секој месец изминат тоа ќе го направиме, очекуваме да дојдеме оваа година до некаде 10%, до едноцифрена бројка на невработеност, да нудиме многу повеќе работни места. Она коешто можеме да го гарантираме е беспоштедна борба и труд кој треба да генерира една сигурност кај граѓаните и дека секое едно семејство ќе биде ефектуирано од некоја политика од Владата – вели Стојаноски.