Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Стојаноска: СДСМ се самоисклучија од преговарачката маса, немаат аргумент дека некој ги исклучува од процесите

Што се однесува до законот со којшто се избриша техничката влада, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што се однесува до законот со којшто се избриша техничката влада, но не за следните избори, туку за оние што ќе се случат после нив. Сметам дека аспсолутно тука СДСМ не е оштетна како партија, бидејќи на следниве парламентарни избори коишто следуваат, во техничката влада ќе влезат токму луѓе коишто ќе дојдат како предлог од СДСМ, дури за наредните после нив зборуваме дека нема да има техничка влада, впрочем за тоа и од Брисел имаме оценка дека со последните локални избори докажавме дека државата е зрела демократски, немаше никакви преговори и дека можеме конечно да излеземе од тоа решение техничка влада- истакна Дафина Стојаноска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на едно од гостувањата на телевизиите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката Стојаноска се осврна на законот со којшто се избриша техничката влада, но не за следните избори туку за оние што ќе се случат после нив и додаде дека токму и од Брисел имаме оценка дека со последните локални избори докажавме дека државата е зрела демократски и дека, како што кажа, конечно можеме да излеземе од тоа решение техничка влада. Таа додаде дека СДСМ наместо да преговараат и дојдат до заедничко решение, се самоисклучуваат од преговарачката маса, потенцирајќи дека немаат аргумент дека некој ги исклучува од процесите.

-Апсолутно сметам дека нема потреба од термин дека ВМРО-ДПМНЕ ги исклучило СДСМ, туку СДСМ се самоисклучија од преговарачка маса, се самоисклучија од покана за втората лидерска средба, така што апсолутно немаат аргумент дека некој ги исклучува од процесите- рече пратеничката Стојаноска.