Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Стивен Даути: Средбата со Николоски ја продлабочи соработката меѓу Македонија и Британија

Во Лондон, британскиот министер задолжен за Европа и Северна Америка, Стивен Даути,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Лондон, британскиот министер задолжен за Европа и Северна Америка, Стивен Даути, ја истакна посветеноста на Обединетото Кралство и Северна Македонија кон: продлабочување на партнерството во рамки на НАТО, справување со нерегуларната миграција, зајакнување на трговските врски.

Ова беше објавено на Платформата X по средбата на Даути со вицепремиерот Александар Николоски.

На состанокот се разговараше за економската и политичката соработка, со посебен акцент на инфраструктурните инвестиции кои ќе поттикнат економски раст и развој на Македонија.

Реклама

Британскиот амбасадор во Скопје, во посебна објава на истата платформа, ја потврди стратешката соработка меѓу двете земји во НАТО.

Во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес, Северна Македонија и Обединетото Кралство интензивно работат на создавање амбиент за заемен економски раст и зајакната безбедност. Во рамки на посетата, Николоски оствари и неколку други средби, меѓу кои со: Гарет Томас, министер за услуги, мали бизниси и извоз, претставници на британската агенција за извозно финансирање (UKEF), претставници на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство (FCDO).

Од двете страни беше нагласено дека унапредувањето на НАТО-партнерството и збогатувањето на трговските односи се стратешки приоритети за претстојниот самит.