Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Стипендии од АД ЕСМ за студенти од Технички факултет-Битола

Врз основа на потпишан Меморандум за соработка помеѓу АД ЕСМ и Технички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врз основа на потпишан Меморандум за соработка помеѓу АД ЕСМ и Технички факултет – Битола, компанијата и оваа година ќе додели 5 стипендии за студентите кои студираат на студиски програми од машинство, електроенергетски системи и обновливи извори на енергија, како и студенти што студираат мехатроника. 

Право на учество имаат студентите кои имаат статус на редовен студент запишан на прв циклус студии по прв пат во прв или трет семестар во академската 2025/2026 година, просечната оценка на студентот да не е помала од 8.0 (осум) и студентот кој аплицира да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија. 

Висината на стипендијата изнесува 8.000 денари месечно и ќе се доделува за времетраење од десет месеци годишно, со можност за продолжување или за прекин. Од Технички факултет-Битола потврдуваат дека аплицирањето е во тек и завршува на 25 мај.

Реклама

Според востановената пракса, АД ЕСМ стипендии ќе додели и за студентите од Машински факултет-Скопје, Факултет за електротехника и информациски технологии-Скопје, како и за студентити од Факултетот за природни науки и Електротехничкиот факултет во Штип.