Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥Стимулации за лозарите и промоција на домашните земјоделски производи во маркетите

Сезоната на гроздобер започнува во Македонија, а Минситерството за земјоделие се стреми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сезоната на гроздобер започнува во Македонија, а Минситерството за земјоделие се стреми да ја направи се подобра и за производителите и за откупувачите. Субвенции од 42 илјади денари на хектар се доделуваат на сите одгледувачи за подигање на нови насади, огромен акцент се стави на наводнувањето на лозите, а откупната цена е зголемена.

“Клучот во зголемување на површините не е секогаш клуч за успех за зголемување на квантитетот на производството. Сериозно  внимание посветивме на водостопанството односно навремено водоснабдување и количина за лозовите насади и очекуваме над 25% зголемен род во однос на минатата година а тоа ќе значи дека бербата ќе тежи негденад 100 милиони килограми. Апсолутно работиме и во подигање на новите насади и министерството преку мерки помага и субвенционира подигање на нови лозови насади и со самата исплата доволен стимулда ги зголемуваме површините и да работиме квантитетот.”- изјави Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерството работи и на намалување на трошоците за производството на лозарите. Паралелно се работи на зголемување на добивката за производителите но и на пораст на инетересот на винариите за поголем откуп….

Реклама

Зголемени се и извозните цени во земјоделството, што, според министерот Цветан Трипуновски, треба да биде доплнителна мотивација за производителите.

“Извозот на земјоделските производи од нашата држава има зголемени цени, тоа е успех на владата  и на министерството и е стимул за да се зголеми производството бидејќи повеќе пари ќе останат кај земјоделците. Инпутот односно трошоците се минимално покачени а излезните цени има сериозно зголемување што е добар показател и стремиме да биде рентабилна гранка и земјоделците да се во позитива.”- изјави министерот Трипуновски.

Министерството активно работи за подобрување на овој сектор. Со кампањата „Македонско најдобро“, домашните јаболка, домати и компири , ќе добијат своја „лична карта“ на полиците во маркетите. Со јасни и видливи ознаки ќе им помогнат на купувачите веднаш да ги разликуваат овие производи од увозните. Според министерот Трипуновски целта е да се подигне свеста кај потрошувачите за важноста од купувањето домашни земјоделски производи и преработки со што ќе се поддржат земјоделците и македонската економија.