Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години

Општина Гази Баба во изминатите четири години го бележи својот најголем историски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Гази Баба во изминатите четири години го бележи својот најголем историски развој. За тоа говорат реализираните 670 проекти, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од отчетот на градоначалникит на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. 

Асфалтиравме и поплочивме 170 локални улици.

Изградивме 32 километри нова мрежа на фекална канализација во населените места Црешево, Смилковци, Страчинци, Гоце Делчев, Јурумлери и Трубарево, Чукур Маало.

Реклама

Изградивме две спортски сали во Булачани и Стајковци, а во моментот ја градиме третата сала во Црешево.

По долги години образовен процес во старите и дотраени бараки, градиме нова училишна зграда за ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто.

Доделуваме бесплатни училишни униформи за сите 6800 ученици.

Градиме и две нови детски градинки во Трубарево и Инџиково, а наскоро од денес ќе започне градба и на уште две градинки во Сингелиќ и помеѓу Маџари и Керамидница.

Во завршна фаза е  комплетната реконструкција на Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто и наскоро ќе имаме објект кој ќе претставува центар на културата во Општина Гази Баба.

Инвестираме и во спортот како никогаш досега. Изградивме 4 спортски центри во Стајковци, Инџиково, Идризово и Хиподром, 35 спортски терени на подлога од тартан, 6 спортски терени на подлога од вештачка трева и 5 фитнес зони на отворено.

Не ја заборавивме ниту животната средина. Воведовме мерки за субвенционирање на граѓаните за набавка на  инвертер клима уреди, печки на пелети, чистење на оџаци, набавка на велосипеди и тротинети, за вградување на уреди на течен нафетен гас во возилата и за сончеви колектори.

Едноставно инвестиравме во сите области од општественото живеење.

Имаме план и визија, енергија и сила за продолжување на развојот на општината.

Најважно од се е што ја имаме поддршката од граѓаните!

Гази Баба повеќе не запира!

Следуваат години на силен развој!