Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Стартуваа нови ЕУ-проекти што носат развој и поголема безбедност меѓу Македонија и Албанија

Започна реализацијата на два значајни прекугранични проекти финансирани од Европската Унија,вреден 1,6…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна реализацијата на два значајни прекугранични проекти финансирани од Европската Унија,вреден 1,6 милиони евра. Заедничката цел е да се поттикне локалниот развој и да се обезбедат подобри услови во различни сегменти од општествениот напредок на двете соседни земји Македонија и Албанија.Специфичниот меѓуграничен простор располага со богата природа, култура, традиција и голем, но се уште недоволно искористен потенцијал,истакна министерот за локална самоуправа Перински.

 “Истовремено овај регион се соочува со сериозни предизвици како што се депопулацијата,недоволно развиена инфраструктура,ризици од природни катастрофи и влијанија врз животната средина.Токму затоа програмата е насочена кон два клучни проритети од кои едниот е заштитата на животната средина и подигнување на отпорноста на регионот преку јакнење на капацитетите за справување со ризици  подобро управување со природните ресурси и упредена заштита на заштитените подрачја”– вели Златко Перински,министер за локална самоуправа

Ова значи побезбедни општини, поголема грижа за биодиверзитетот, зачувување на природното и културно наследство на двете земји.

Реклама

 “Имаме голема историја на меѓугранична соработка, во делот на заштитата на природните средини кои  што се од витално значење за европската интеграција како и за меѓусебното развивање.Суштината на овие програми е токму тоа, солидарност, доверба и зајакнување на европскиот идентитет “-вели евроамбасадорот Михалис Рокас

Со пари од Европската унија Охрид конечно ќе добие брод амбуланта кој е од исклучително значење за туристичкиот центар.

“ Од особено значаење ќе биде набавката на брод амбуланта. Овој брод ќе овозможи брз, безбеден и квалитетен медицински транспорт преку езерото и  поголема безбедност за сите жители и посетители на охридското крајбрежје. Исто така од особено значење се и активностите поврзани со Националниот парк Галичица, каде што ќе се воспостават нови „еко-патролни“ тимови кои ќе помогнат во спречување на нелегални активности, шумски пожари и несреќи.–вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид

Оваа финансиска поддршка е особено значајна за една мала општина како Крушево која располага со оганичени финансиски и човечки ресурси. Ова вели градоначалникот на Крушево, отвора нови можности за економски развој и ја зголемува видливоста на регионот на меѓународната туристичка мапа.