Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Стара електрична инсталација, причината за пожарот во Карбинци?

„Одвај успеавме да спасиме  жива глава, ако не беше полицаецот да ме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Одвај успеавме да спасиме  жива глава, ако не беше полицаецот да ме изнесе надвор со сигурност ќе се угушев„- вака се уште во шок раскажува    Даринка Гребенакова која вчера заедно со својот сопруг и син за влакно и избегаа на огнената стихија. Куќата целосно е пеплосана откако екслодира и плинската боца. Огнот им ги уништи и единствениот извор за егзистенција, пластениците со ретко овошје. Семејството најави тужба против ЕВН..

„Имав виза за Америка, картици,пасоши,документи, пари што ќерка ми ми ги има испраќано. Се изгоре. Кога почна пожарот јас се обидував да ја вклучам мојта поумпа и да гаснам.Јас имам доволно вода, но немаше струја.Немав со што да гасам„-изјави Даринка Гребенакова, сопственик на викенд куќата.

Официјални информации за тоа како дојде до пожарот, се уште нема, сепак   месното население посочува дека огнот почнал да се шири во близина на трафостаницата.За нив дотраената електрична мрежа е виновна и за пожарот од пред петнаесетина дена..

Реклама

   „Според мене пожарот почна да се шири од трафостаницата.Мислам дека и за минатиот пожар виновна е струјата. Што се случува навистина не знам„-изјави жител на Карбинци

Општина Карбинци денес испрати писмо до ЕВН, во кое барат да се санираат паднатите електрични столбови во плачковичките села селата Оџалија, Парналија и Припечани, со што би можело да се спречат нови пожари.Огнот пеплоса над стотина хектари земјоделско земјиште, две вили, фотоволтаична централа, објект на Македонски шуми како и препумпна станица за неколку села.

 „Првичните штети допрва ќе се утврдуваат. Многу е важно што населението има вода .Дополнително штетите од земјоделските површини ќе ги оставиме за некој разумен период, но граѓаните може да пријавуваат во општината„-изјави Јордан Насец, градоначалник на Карбинци.

Ноќеска после полноќ штипските пожарникари конечно ги локализираа и последните пламени јазици од огнената стахија која вчера после 15 часот го зафати атарот на Карбинци. Вчера гореше и во Кочани.

Честите пожари уште еднаш на виделина ги изнесоа системските проблеми со недостатокот од пожарникари и стари возила . Анализите покажуваат дека просечната старост на противпожарните возила во државата е околу триесет години, а противпожарните екипи десеткувани. 

Александра Ристевска