Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Економија

 Стапи на сила „есенската кошничка“ : Поголемиот дел од маркетите и продавниците замрзнаа дел од цените

73 производи кои ги вметна Владата во „есенската кошница“ се со ограничени маржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

73 производи кои ги вметна Владата во „есенската кошница“ се со ограничени маржи до 10 отсо. Mаркетите се прилагодуваа на мерката која треба да трае до крај на октомври. Од она што се забележуваше на терен, дел од маркетите веќе ја имаа поставено ознаката на рафтовите и во ладилниците „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, што според Владината одлука е задолжително да стои до производите кои се со намалени маржи, а со тоа и намалена цена. Во дел воопшто не беше поставена ознаката, а дел се уште ги прилагодуваа рафтовите со цел да не бидат „мета “ на пазарната инспекција.

Дел од производите утринава се уште се продаваа по иста цена, веројатно поради што не беа сеуште поставени новите согласно одлуката.  Онаму каде веќе се применува мерката се чувствува намалување на цените. Пример свинското месо е поевтино од 17 до 20 денари за килограм, додека пилешкото се намалило за 10 ина денари за килограм. Дел од сирењата се намалени за 10-20 денари, а во одредени маркети позначително се намалени цените на зеленчукот и овошјето.

Доколку не ја почитуваат мерката, трговците ќе мора да платат казна во висина од 800 – 10 илјади евра, во зависност од големината на маркетот. Како што информираат од пазарна, инспекторите се на терен и проверуваат каде има прекршување

Реклама

Казните се одредуваат според Законот за трговија и изнесуваат од 800 до 10.000 евра во зависност од големината на субјектот и по Закон за заштита на потрошувачите доколку не се постават ознаките за намалување на цените предвидени со Одлуката, информираат од Пазарен.

Граѓаните и синдикатите реагираа дека трговците ги покачиле цените пред носењето на одлуката. Премиерот е дециден – секој кој се однесувал шпекулативно, неморално и неетички ќе биде санкциониран. Мицкоски очекува дека цените ќе паднат за 10 проценти.

Во периодот што следи ќе продолжиме да ја ажурираме оваа листа во зависност од потребите на граѓаните. Производите не се резултат на шпекулативна мерка, туку се резултат на анализа и теренски анкети водени со граѓаните кои производи можеби се најкористени од граѓаните, така ќе биде и пред новогодишните празници, така ќе биде и напролет, цело време така ќе функционираме. Целта ни е да го олесниме животот на граѓаните и да ја намалиме цената на производите – рече Мицкоски.

Со ограничена бруто профитна маржа до 10 отсто од денеска се  брашното, лебот и пекарските производи, млекото и млечните производи, месото и преработките од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, тестенини, масло за јадење, дел од конзервираните производи, како и безалкохолните пијалоци. По „есенската“ најавите се дека ќе има рамазанска, велигденска, божиќна кошница.