Реклама

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Македонија

Стаменковска Трајковска: Направивме важен чекор за подобрување на патната инфраструктура и унапредување на сообраќајната безбедност

Денес сакаме да ве информираме за важен чекор што го направивме во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес сакаме да ве информираме за важен чекор што го направивме во насока на подобрување на патната инфраструктура и унапредување на сообраќајната безбедност во нашата држава. Заедно со неколку пратеници и во консултација со Министерот за транспорт, господинот Александар Николоски и неговиот кабинет, поднесовме измени на Законот за јавни патишта, изјави Бети Стаменковска Трајковска, пратеничка од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

„Ќе ги издвојам трите најзначајни новини од предложените измени:
1. Подобрување на безбедноста на патиштата
Во предложениот закон се вклучува нова, појаснета дефиниција за експресен пат, што ќе овозможи подобро планирање и уредување на патната мрежа. Дополнително, се проширува можноста за примена на мерки за забавување на сообраќајот на јавни патишта, во согласност со стандардите за сообраќајна безбедност – сè со цел да се намалат ризиците и да се заштитат сите учесници во сообраќајот.
2. Модернизација на системот за наплата на патарина
Соочени со предизвиците од сè поголемиот сообраќаен интензитет, предвидуваме воведување на постпејд и припејд модели за наплата на патарина, како и можност за надополнување на електронските уреди – М-карта и М-таг – преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата држава. Целта е да се намалат гужвите на наплатните станици, да се зголеми ефикасноста и да се поттикне користење на електронски системи за плаќање.
3. Ослободување од патарина за специфични категории граѓани
Социјалната димензија на овие измени предвидува ослободување од плаќање патарина за лицата кои имаат извршена трансплантација на орган или ткиво, како и за донори на органи или ткива. Веруваме дека ова е мал, но значаен чекор во насока на поголема поддршка и почитување кон овие лица“, потенцира Стаменковска Трајковска.

Со овие измени поставуваме нови стандарди за безбедно, модерно и правично користење на патиштата во Македонија. Продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните, изјави Стаменковска Трајковска.