Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

„Паметно решение“, „убава работа за младите“. Со вакви зборови граѓаните изразуваат силна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Паметно решение“, „убава работа за младите“. Со вакви зборови граѓаните изразуваат силна поддршка за сеопфатните реформи во јавниот превоз во Скопје. БРТ системот, градски воз и 100те нови електрични автобуси ќе ја сменат сликата на градот. Граѓаните велат дека конечно ќе можат малку да здивнат од секојдневните гужви и се надеваат дека многу скоро ќе можат во целост да ги уживаат привилегиите што ги носи ефикасниот јавен превоз:

„Јас мислам тоа е многу паметно решение и треба да биде изведен проектот, затоа што Скопје е во должина 25 км во ширина 8 км. Исток, запад, север, југ, најдобро решение ќе биде брзиот транспорт. БРТ е идеално решение, по мене. Парите да се потрошат на вистинско место за граѓаните. Граѓаните тоа го очекуваат, “

„Тоа е убава работа за младиве, ние пензионери не сме виделе тоа, па со господ напред, со среќа нека им е.“

Реклама

„Па изгледа ќе го реши, не знам.“

„Премногу е гужва, треба да се  реши. Според мене треба да се реши да биде поповолно за патниците и да се снаоѓаат во Скопје барем.“

„Да добиеме стварно барем малку од малку пристоен сообраќај да не се гужваме по автобусите. Мислам дека со новите автобуси ќе се стави точка на гужвите во Скопје“, изјавија граѓаните

Во очекување на реализација на проектот за Брз автобуски транспорт за кој веќе е објавен тендер за првата фаза, граѓаните посакуваат побрзо да се заокружи и проектот со градскиот воз. Првата делница од Зелениково до Новата железничка станица веќе функционира и им го олеснува секојдневието на жителите од периферијата. Очекуваат и автобуската поврзаност да се подобри:

„Па убаво, зашто не се редовни овие автобуси значи супер е, да имаме цел град многу убаво ќе биде.“

„Тоа е добро решение меѓутоа има голема оддалеченост од автобусите до возот, мислам тука треба некое поврзување. Инаку е и тоа добро решение да се изведе. Да се поврзат ЈСП со брзиот воз. Ќе биде добро решение и тоа е мислам растеретување на сообраќајот и за подобро живеење на граѓаните.“

„Сакам да се возам ама уште не сум се возела а сакам да одам да се возам.“

Инаку првиот дел од тендерот за БРТ системот или популарно наречениот трамвај на тркала предвидува изградба на депо во Ново Лисиче, надградба на постојното во Ѓорче Петров, како и изградба на првата линија со која ќе се спојат двете општини. Трасата е долга вкупно 12,8 километри а планирано е да има 22 автобуски постојки. До крајот на годинава се очекува да пристигнат и првите електрични автобуси.