Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Само парче хартија бил проблемот за правата на Македонците во Бугарија. Така…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само парче хартија бил проблемот за правата на Македонците во Бугарија. Така барем тврди бугарската претседателка. Илијана Јотова која во Стразбур се најде на тапет за правата на Mакедонците и непочитувањето на пресудите од Судот за човекови права се правда дека Софија направила се што е потребно и ја префрла вината кај македонските здруженија, во случајов ОМО Илинден Пирин. Тврди дека проблемот бил што не поднесувале целосна документација, за да бидат запишани како здружение. 

-Втората тема беше се разбира за движењето на досието ОМО Илинден и многу се надеваме дека на една од наредните седници таа сага ќе заврши. Се разбира го поттцртав бугарскиот став, дека ние сме ги спровеле сите нивни препораки до овој момент. Го променивме законот заедно со Агенцијата за регистрација, за да можат таму да се регистрираат, за жал тие секој пат пропуштаат по некој документ, изјави Јотоа.

Посетата на Јотова на Стразбур доаѓа во период кога Брисел најавува нови патокази за најнапредните кандидати за членство и засилени разговори за европската перспектива на Западен Балкан. Според Јотова неоправдано Бугарија била напаѓана за непочитувањето на правата на македонско малцинство. Таа уште една повтори дека за Софија, спорот со Македонија не бил билатерален, туку европски.

Реклама

-Оваа тема исклучително многу се користи против Бугарија, се обидуваат да вклучат и текстови во Резолуцијата за напредокот на Република Северна Македонија, кога станува збор за евентуални спорови со Бугарија. Ние го негираме тоа, прво зошто нема билатерален спор, тие едноставно не ја почитуваат политиката на францускиот компромис, што беше постигнат, порача Јотова.

Освен за правата на македонците, Софија доби порака од Брисел дека мора да биде конструктивна и на дело дека ја поддржува европската перспектива на  Македонија. Еврокомесарката Кос порача дека очекува конструктивност откако Македонија ќе ги спроведе уставните измени: 

-Би била многу среќна ако го искористиме овој момент на проширување и за Македонија. Верувам во новата бугарска влада, со која соработувам многу добро. Секако, владата во Македонија мора да го одржи ветувањето. Тие мора да го променат својот Устав, ова е договорено меѓу Македонија и 27-те земји членки на ЕУ. Откако ќе се направи ова, ќе сметам на поддршката од вашата земја за да можеме да продолжиме напред и со Македонија, изјави Кос.

Пораката на Кос до Софија и притисокот за почитување на правата на здружување на македонците во Бугарија е во период кога Брисел ја подготвува новата стратегија за проширување. Претседателаката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен веќе најави нови патокази за членство за најнапредните земји кандидати од Западен Блакан. Таа порача дека проширувањето останува строго засновано на заслуги, но предупреди дека почитувањето на европските вредности е тема за која нема преговори.

Матеја Петровски