Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Македонија испорачува и ќе ги ипорачува реформите кои ги бара ЕУ. Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија испорачува и ќе ги ипорачува реформите кои ги бара ЕУ. Европската интеграција мора да се темели на заслуги, а не на вештачки блокади кои во моментов ги имаме, поради билатералниот спор со Бугарија. Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Атлантскиот Совет во САД, порача дека Македонија веќе и премногу дала на патот кон ЕУ, исполнила се што Брисел бара, но сепак сме блокрани.  

-Ние испорачавме се, кога станува збор за мерит системот, но секогаш се соочуваме со пречки. Прво беше промената на уставното име. Не мора да ве потсетувам што се случи во тоа време. Сега повторно имаме дополнителен услов за промена на нашиот Устав, изјави Мицкоски.

Ставот на македонските власти е јасен. Уставни измени без јасен и предвидлив крај на европскиот пат на државава се невозможни. Тоа го повтори и премиерот Мицкоски, велејќи дека Македонија претставува специјален случај каков што нема никаде.

Реклама

-И тоа што ме плаши е фактот што практично овој процес нема крај. Мислам, никој не може да ви гарантира дека ова е последно барање. Па, нашиот случај е специјален случај. Не е ни блиску со претходната институционална меморија, како претходните земји кои станаа членки, изјави Мицкоски.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче пак упорно настапува со истите и добропознати пораки. Уставните измени морало да се направат и немало друг начин за државава.

-Премиерот раскажува бајки и гали, ниту нешто разговара, ниту има за што да се разговара. Се знае кој е патот, намерно не се прават чекорите за да останеме слепо црево тука на Балканот и тоа е неговата изолационистичка политика и тоа предавничката политика на Христијан Мицкоски, изјави Филипче.

И покрај опструкциите од Бугарија, македонските власти не се откаѓуваат од планот , работите да се постават на вистинскиот колосек. Во таа насока, заменик министерот за надворешни работи Зоран Димитровски од Форумот во Софија, „Европа го среќава Балканот“, порача дека дијалогот со Бугарија мора да продолжи во духот на земното почитување на правата.

Од Брисел пак стигнуваат порадки дека Софија мора да покаже конструктивност. Еврокомесарката за проширување Марта Кос, очекува поддршка од Софија откако Македонија ќе ги спроведе уставните измени.

Матеја Петровски