Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Пешачко велосипедска патека обиколка на Кисела Вода, ќе го решиме проблемот со хигиената

Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник за општина Кисела Вода од редовите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник за општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, она што го истакна е тоа дека во првите 72 часа со поддршка на Град Скопје и градоначалникот иден на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во една тимска акција ќе пристапат кон средување на општината Кисела Вода и Градот Скопје, во насока на справување со предизвиците во делот на чистотата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Она што Стаменкоска Трајкоска го најави е тоа дека во текот на нејзиниот четиригодишен мандат, ќе се продолжи со одржување на континуитетот на реализација на проекти кои се со поддршка на актуелната Влада како и дополнителните проекти кои ќе значат квалитетен живот на граѓаните, а кои се содржани во нејзината програма, при што истите ги сподели.

„Станува збор за пешачко велосипедска патека обиколка на Кисела Вода, организирање и континуитет на процесите во образованието и градинките, средување на училишните дворови, со оплеменување на дополнителна опрема и сето она што значи како иновација во училиштата, а тоа е училници на отворено. Во нашата програма се ставени и сите оние дополнителни проекти кои ќе значат оплеменување и креативност во наставата, но исто така и дополнителна поддршка, а тоа е процесот на климатизација”, рече Стаменкоска Трајкоска и се надоврза:

Реклама

„Јас имам 3 приоритети за Кисела Вода, а тоа се граѓаните на Кисела Вода, бизнис заедницата и исто така општинската администрација. За сите овие три приоритети имаме во програмата да направиме поволни услови за да продолжи континуитетот на позитивни промени во Кисела Вода“.

Стаменкоска Трајковска посочи дека еден од приоритетите во нејзината програма е и системското уредување и одржување на хигиената, а со цел чиста животна средина, при што напомена дека со едно синергиско дејствување на сите општествени чинители, едукативни кампањи, дополнителни места за отстранување на отпад, одржливо управување со истиот може да се надмине предизвикот со чистотата во општината.

„Еден од приоритетите во мојата програма е системско уредување и одржување на хигиената, од она што значи и чиста животна средина, каде со засилено чистење, миење на улиците и јавните површини, поставување на нови места дополнителни за отстранување на отпад, организирање акции за отстранување на диви депонии, исто така чиста месна заедница каде преку едукативни кампањи и соработка со сите општествено одговорни фирми и населението, активности со кои сите да работиме заедно на зголемување на свеста кај сите нас за одржливост спрема животната средина. И одржливо управување со отпадот, дополнително зголемување на можностите за селекција на отпадот. Имаме во нашата програма долгорочни активности кои ќе значат одржување на редот со така кажани редари кои ќе помогнат во сите тие активности“, заклучи Стаменкоска Трајкоска.