Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Стаменкоска-Трајкоска: Општина Кисела Вода инвестира во спортската инфраструктура – унапредени условите во спортската сала „Независна Македонија“

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, изврши увид во спортската сала…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, изврши увид во спортската сала „Независна Македонија“, која се наоѓа во кругот на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, каде што се реализираа повеќе зафати за унапредување на условите во овој спортски објект.

– Во рамките на извршените активности набавени и монтирани се нови ЛЕД-рефлектори со моќност од 200 и 400 W, кои се енергетски ефикасни и еколошки, со што значително е подобрено осветлението во салата. Дополнително, извршена е замена на сигурносните вентили за висок притисок на топловодната инсталација, како и зајакнување на покривната конструкција – информираат од општинската прес-служба.

Сите зафати се реализирани во согласност со актуелните потреби и важечките стандарди, со јасен фокус на безбедноста и подобрување на условите за учениците и корисниците на салата.

Реклама

– Унапредувањето на спортската инфраструктура е наша обврска, но и искрена желба. Со овие инвестиции обезбедуваме побезбедни и поквалитетни услови за спорт и физичка активност на нашите деца. Верувам дека вложувањето во вакви објекти директно придонесува за здрав развој, спортски дух и позитивни навики кај младите. Ќе продолжиме посветено да работиме на создавање подобри услови за образование, спорт и развој на младите генерации – изјави градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска