Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Економија

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите

Сојузот на синдикатите утре ќе ја реализира последната блокада со барање за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сојузот на синдикатите утре ќе ја реализира последната блокада со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 100 евра. Последната институција што ќе биде блокирана е Владата. Ќе бидат блокирани влезовите на Владата од 11 часот. 

Блокадата, велат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите до 31 декември не се договориле за барањето на Синдикатот за зголемување на платите на работниците и затоа што Владата минатата година не го прифатила предлогот да субвенционира дел од придонесите за да може работодавачите да ја зголемат минималната плата. 

– Последната блокада пред Владата е токму поради тоа што оваа Влада ги блокира работничките плати долг временски период за кој вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 9.250 денари или едно четиричлено семејство е посиромашно за 9.250 денари. Падна и последниот аргумент на владините претставници, кои заедно со газдите го зборуваат континуирано овој период, а тоа е дека македонските работници не биле продуктивни. Македонските работници се премногу продуктивни за платите што ги примаат или само 17 проценти од она што го создаваат како капитал на работодавачите се слева во платите на работниците или како пример – 24.379 денари изнесува минималната плата месечно за еден работник, а 290.000 денари е продуктивноста што ја создава работникот за работодавачот – изјави денеска претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Реклама

Утрешната блокада ќе биде реализирана со 21 човек на локациите на кои ќе биде блокирана Владата.

Трендафилов очекува дека по утрешната блокада, ќе наидат на разбирање, а доколку тоа не се случи, тогаш Синдикатот преминува кон организирање уште еден голем протест и генерален штрајк, кој, според сегашните размислувања, би бил 24-часовен.

– Пред одлука сме на донесување генерален штрајк во јавниот и во приватниот сектор. Работниците бараат од ССМ да повика на генерален штрајк онака како што тоа го прават нивните колеги во Грција, Белгија, Франција и други држави. ССМ ќе донесе одлука за организирање генерален штрајк и со таа одлука секој работник ќе биде заштитен. Генералниот штрајк, според размислувањата, треба да трае 24 часа и за време на штрајкот нема да се извршуваат работните задачи. Секој работник сам избира дали ќе протестира и штрајкува. Сметаме дека сите треба да застанеме рамо до рамо бидејки видовме дека на маса не нè слушаат, а од улица нè слушаат – рече Трендафилов.

ССM веќе подолг период бара зголемување на минималната плата и на сите други плати. По протестот организиран на 28 јануари, ССМ почна со блокади на Собранието и Стопанската комора. Барањето за зголемување на платите ССМ го темели на порастот на животните трошоци и порастот на вредноста на синдикалната потрошувачка кошничка. Доколку не се реализираат барањата на Синдикатот, во март ќе се изврши усогласување на минималната плата, која, според пресметките, би се зголемила од 1.500 до 1.700 денари.