Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Економија

ССКМ: Координиран пристап за воведување eCMR во секторот Транспорт и логистика

Неопходно е понатамошно унапредување на соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неопходно е понатамошно унапредување на соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор со цел успешно и ефикасно воведување на електронскиот товарен лист eCMR во државара – е порачано на тркалезната маса на тема „Олеснување на процесот на имплементација на eCMR во секторот Транспорт и логистика“, што се одржа денеска во Скопје во рамките на проектот Empowering Industry Associations for Regulatory Reform in the Transportation and Logistics Sector in Macedonia.

Проектот се спроведува од Сојузот на стопанските комори на Македонија – ССКМ во партнерство со програмата RECONOMY, финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) и имплементирана од Helvetas Swiss Intercooperation, кофинансиран од RECONOMY и Сојузот на стопанските комори на Македонија.

ССКМ соопшти дека на настанот биле презентирани правните предизвици за развој на секторот Транспорт и логистика, како и наоди од студијата на ССКМ за ставовите на малите и средните претпријатија во однос на имплементацијата на eCMR. Дополнително, биле презентирани и практични решенија за негова примена од регионот пред претставниците на бизнис-заедницата.

Реклама

– Особен акцент беше ставен на потребата од координиран пристап и активно вклучување на сите релевантни фактори во процесот на имплементација во Македонија. Дополнително, беа споделени регионални искуства, вклучително и од заменик-претседателот на Стопанската комора на Црна Гора, Павле Радовановиќ, при што се овозможи конструктивна размена на мислења и добри практики во насока на дигитална трансформација на транспортниот сектор. Значајно внимание беше посветено и на практичната презентација на eCMR-решението од страна на Жељко Бајшански, основач и директор на bitsEverywhere од Србија, кој ги презентира придобивките и можностите за дигитализација во транспортниот сектор. Настанот заврши со дискусија и заклучни согледувања, при што Сојузот на стопанските комори на Македонија – ССКМ ја потенцира важноста од понатамошно унапредување на соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор, со цел успешно и ефикасно воведување eCMR во Република Северна Македонија – соопшти Сојузот на стопанските комори на Македонија. 

Настанот го отвориле Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојузот на стопанските комори на Македонија – ССКМ, и Емилија Јованова-Стоилкова, регионален менаџер за Западен Балкан на програмата RECONOMY.