Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Средношколците имаат шанса да освојат милион денари само со добра идеја за бизнис

Средношколците од цела Македонија имаат можност да станат милионери со своја бизнис…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средношколците од цела Македонија имаат можност да станат милионери со своја бизнис идеја. Натпреварот „Средношколец милионер“, кој го организира „Бреинстер Некст“ колеџот и НУ Академиите, нуди главна награда од еден милион денари за најдобриот млад претприемач. Пријавувањето трае уште една недела — до 26 октомври.

Натпреварот „Средношколец милионер“ е отворен за сите ученици од прва до четврта година, без разлика дали учат во државно или приватно средно училиште.

Учениците можат да се пријават индивидуално или во тим до шест члена на веб-страницата milioner.mk.

Реклама

Организаторите нагласуваат дека добитникот на милион денари нема обврска парите да ги инвестира во идејата со која победил, ниту пак „Бреинстер“ ќе бара удел во идниот бизнис.

Главната цел е младите да научат, да создаваат и да ја видат Македонија како место каде се раѓаат успешни приказни.

Пријавувањето е отворено до 26 октомври на www.milioner.mk.