Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎬 Средните и основните училишта ќе влезат во дигитална ера – се укинуваат печатените свидетелства

Од наредната учебна година сведителствата ќе бидат електронски. Печатените заминуваат во историјата.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од наредната учебна година сведителствата ќе бидат електронски. Печатените заминуваат во историјата. По новината за онлајн уписи за средношколците, министерката Јаневска најави промени и за основците. Образованието на пат целосно да се дигитализира . Свидетелствата електронски ќе се преземаат од средните училишта до кои учениците поднеле електронска пријава за упис, за на тој начин да биде проверен успехот и останатите критериуми. Новитетот ќе биде воведен догодина, за да можат учениците и родителите да се адаптираат, а министерката очекува дека барем 80 до 90 проценти од свидителствата да бидат во дигитална форма.

„Децата и родителите и немаат потреба да го имаат сведителството во раце, освен што можеби тоа ете тоа е начин некако социјално да се дружат да се пофалат да се израдуваат, па некои и да се разочараат за да вложат повеќе труд. Тоа ќе можат да одлучат учениците и родителите. Впрочем училиштето секогаш може да искористи еден до два топа хартија од по 500 денари за да им даде некаков вид на документ на децата дека еве завршиле 4-то, 5-то и 6-то одделение. Бидејќи системот може да ги повлече свидетелствата електронски за упис во средно, тие де факто немаат потреба од тие свидетелства“, рече министерката за образование Весна Јаневска.

Електронското преземање на свидетелствата ќе важи и за факултетите. Во меѓувреме се заокружува вториот уписен рок за во средните училишта. Министерката информираше дека интересот е голем особено за стручното образование, а наскоро ќе бидат објавени конечните резултати.

Реклама

„Јас сум задоволна што годинава повторно се полнат средните стручни училишта, што е многу добро за државата. Секаде има доволен број на пријавени како што веќе знаете обврзно е средното образование и сите ученици ќе мора некаде да се запишат, за жал некои ќе немаат избор, но тоа зависи од нивниот успех во минатото“, изјави Весна Јаневска министер за образование.

Министерката денеска присуствуваше на доделување на награди на ученици од Македонија кои освоија второ место на Европскиот квиз на пари во 2025 година.