Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Средба Трамп, Путин – нема прекин на огнот во Украина, но постигнат е напредок

Во Аљаска, во американската воена база во Енкориџ, двајцата лидери на САД…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Аљаска, во американската воена база во Енкориџ, двајцата лидери на САД и Русија се сретнаа лице в лице. Доналд Трамп и Владимир Путин, прв пат седнаа на иста маса од почетокот на војната во Украина. Двајцата лидери разговараа околу три часа, во присуство на нивните највисоки советници за надворешна политика со цел да се најде решение за војната. Средбата, најавена како самит, заврши многу порано од планираното, по првиот круг разговори. Наместо заедничка прес-конференција, новинарите беа повикани на куси изјави кои траеја само 12 минути.  Темата – Украина – не доби конкретно решение. Двајцата лидери рекоа дека постигнале напредок по неодредени прашања. Но, тие не понудија детали, ниту одговорија на прашања.

„Се надеваме дека Киев и европските престолнини ќе го сфатат сето ова на конструктивен начин и нема да создадат никакви пречки. Дека нема да се обидат да го нарушат планираниот напредок преку провокации или интриги зад сцената“, изјави Владимир Путин претседател на Русија.

„Имавме многу продуктивен состанок. Имаше многу, многу точки за кои се согласивме. Повеќето од нив, би рекол. Неколку големи точки за кои не сме баш постигнале, но постигнавме одреден напредок. Значи, нема договор додека не се постигне договор, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Реклама

Белата куќа соопшти дека Трамп веднаш по состанокот имал „долг“ телефонски разговор со украинскиот претседател и со лидерите на НАТО.

„Во понеделник ќе се сретнам со претседателот Трамп во Вашингтон за да ги разгледаме сите детали за запирање на убивањата и војната. Благодарен сум за поканата“, напиша претседателот на украина Володомир Зеленски на „Твитер“.

Инаку на крајот од средбата што се одржа во Алјаска, Путин го покани Трамп да ја посети Москва. Според експертите  гест што може да се чита како уверување во продолжување на дијалогот, но и како порака дека идните потези ќе се играат на негов терен.

„Претседателе би сакал да ви заблагодарам уште еднаш и ќе зборуваме многу наскоро и се надевам дека ќе се видиме многу скоро. Фала ти многу Владимир“, изјави Трамп …. Следниот пат во Москва“, му одговори Путин…. „Оууу тоа е интересно. Не знам малце се загреав за тоа, но мислам дека може да се случи“, рече Трамп.