Реклама
Македонија

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Македонија е братска земја

 Премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут денеска во Белград разговараше со претседателката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут денеска во Белград разговараше со претседателката на Националниот совет на Македонското национално малцинство, Зорица Митровиќ, за подобрување на положбата на припадниците македонското малцинство, и во таа прилика изјави дека Србија и Македонија се братски и пријателски земји, ориентирани кон соработка, почитување и заеднички просперитет.

„Националните малцинства се вистинското богатство на оваа земја, на што сме горди“, рече Мацут и додаде дека почитувањето на различноста и еднаквоста на сите граѓани е основа на здраво и прогресивно општество.

Мацут рече дека националните совети се партнери на државата во остварувањето на правата и слободите на припадниците на националните малцинства, на што Србија е целосно посветена.

Реклама

Тој му се заблагодари на Националниот совет на Македонското национално малцинство за партнерството и соработката.

На средбата, на која присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Србија, Никола Тупаченски, беше разговарано за јубилејот што ќе се прослави во Нови Сад – 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина, се додава во соопштението од Владата на Србија.