Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Средба на собраниска делегација со делегација од БиХ на Форумот во Мароко

Во рамките на Економскиот парламентарен форум во Маракеш, Мароко, пратениците Сали Мурати,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на Економскиот парламентарен форум во Маракеш, Мароко, пратениците Сали Мурати, Дафина Стојановска, Калтрина Бекири и заменик генералниот секретар на Собранието, Ибиш Јусуфи, остварија исклучително искрена и пријателска билатерална средба со шефот на Делегацијата на Парламентарното собрание на Медитеранот од Босна и Херцеговина, Рејхана Дервишновиќ и претставници на Собранието.

На средба, како што соопшти собраниката прес-служба, било нагласено дека Македонија и Босна и Херцеговина од денот кога ја стекнаа својата независност, како во сите области, така и меѓу двете Собранија, се одржуваат пријателски и братски односи.

-Беше потенцирана подготвеноста во сите прашања да ја пренесеме и зацврстиме на повисоко ниво нашата позиција и нашето длабоко пријателство што го достигнавме во билатералните односи, на меѓународните платформи, во споделувањето искуства и во работата на Собранијата, се наведува во соопштението.

Реклама

На средбата било заклучено дека двете Собранија имаат голема одговорност во преземањето важни чекори во прашањата на единството, целосноста, суверенитетот, стабилноста, процесите за кандидатурата за Европската Унија, владеењето на правото и економската благосостојба на двете земји.