Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со Кристоф Камп, висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ

Обсе може да помогне во забрзувањето на македонскиот, но и западнобалканскиот пат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обсе може да помогне во забрзувањето на македонскиот, но и западнобалканскиот пат во евроинтеграциите преку унапредување на малцинските права, согласно фундаменталните документи за малцинствата. Ова го истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кристоф Камп, кој првпат е во посета на земјава по преземањето на функцијата во декември лани.

Високиот комесар на ОБСЕ изразил подготвеност за експертска помош во креирањето или иновирањето на правната рамка, доколку за тоа има интерес и барање од македонските институции. Понудил експертиза на постојната национална регулатива за заштита на малцинските права, како и на нејзината имплементација.

Претседателката ја истакнала усогласеноста на македонската легислатива за малцинствата со највисоките стандарди за малцинските права, но и потребата од поголема грижа за помалите малцинства.

Реклама

Во оваа смисла, Сиљановска-Давкова и Камп ја истакнале важноста на добрососедските и пријателски односи, чиј важен фактор е почитувањето на малцинските права.