Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со Ален Берсе: Советот на Европа има легитимитет да се вклучи во наоѓањето решенија за современите геополитички предизвици

Со традиционалните импровизиран напад на градот и богат огномет, синоќа Прилеп ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со традиционалните импровизиран напад на градот и богат огномет, синоќа Прилеп ги започна чествувањата по повод 11 Октомври и 84-годишнината од почетокот на народното востание 1941-та. Пред голем број прилепчани, традиционалниот импровизиран напад на градот потсети на виорните времиња кога пред 84 години со нападот на тогашната полициска станица – Участак, на прекин на телефонските и телеграфски жици и на прилепскиот затвор на трите групи на партизанскиот одред „Гоце Делчев“, бил означен почетокот на народното, победоносно востание и победата над фашизмот.

– Таа ноќ на 11 октомври 1941-та, прилепските херои, водени од идеалите за слободна татковина, ја запалија искрата која ја осветли цела Македонија. Таа искра го означи почетокот на крајот на ропството, и почетокот на еден нов, историски пат, патот кон создавање сопствена држава, кон самостојна, независна и горда Република Македонија. Вредноста на 11 Октомври не е само во историската победа, туку и во пораката што ја носи дека кога Македонецот верува во нешто, тој стои исправен, непокорен и не се откажува, порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески при синоќешното обраќање од камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп.

Бројни прилепчани го посетија и меморијалниот музеј „11 Октомври“, потсетувајќи се на славните историски настани пред 84 години.

Реклама

Денеска на празникот, од 10 часот предвидено е да им биде оддадена почит на загинатите борци и дејци: пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто, пред споменикот на идеологот на востанието, Кузман Јосифорски – Питу, во центарот на градот, во Алејата на народните херои во Паркот на револуцијата, пред споменикот Жена – борец, како и пред Могилата на непобедените каде се моштите на 650 борци од Прилеп и прилепско, кои загинале во НОБ и револуцијата.

Во 12:30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ најавена е свечена академија каде се очекува да говори премиерот Христијан Мицкоски.

Во чест на празникот, во центарот на градот ќе се одржат саем на земјоделски производи и изложба на автомобили, а во просториите на Црвениот крст и традиционална крводарителска акција.