Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со раководството на Факултетот за музичка уметност, нагласена важноста на едукативната и педагошката работа

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими деканката на Факултет за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими деканката на Факултет за музичка уметност, Дарија Андовска, продеканката за настава и наука Соња Здравкова-Џепаровска и продеканката за концертна дејност, Марија Вршкова, по повод 60 години од постоењето и дејноста на оваа високообразовна институција.

Како што соопшти Кабинетот на претседателката, деканката Андовска истакнала дека успехот на факултетот е резултат на големото музичко знаење, љубов, креативност, труд и посветеност на повеќе генерации наставен кадар.

Јубилејот, како што било посочено на средбата, добива на тежина и значење со оглед на тоа што за релативно кусо време вработените постигнале резултати што ги надминуваат оние на музичките академии во регионот, основани и пред повеќе од еден век.

Реклама

Честитајќи им го јубилејот, претседателката ја нагласила важноста на едукативната и педагошката работа на Факултетот, кој изнедрил истакнати музички уметници, меѓу кои и пијанистот Симон Трпчевски. – Неспорна и непроценлива е амбасадорската улога на нашите музички уметници во промоцијата на македонската држава ширум светот, вели Сиљановска-Давкова.

Таа ја прифатила поканата да биде покровителка на одбележувањето на 60-годишнината на институцијата, која, како што било истакнато, е расадник на уметници без кои не може да се замисли успешната работа на Филхармонија на Македонија, Национална опера и балет, Национален џез оркестар, како и на бројни ансамбли и оркестри.

Професорките на средбата ја информирале претседателката за предизвиците со кои се соочува Факултетот, особено од финансиска и просторна природа, хроничниот недостиг на инструменти, како и опасноста од згаснување на одредени катедри поради недостиг на кадар. Воедно, тие изразиле очекување дека во претстојната дебата ќе бидат преиспитани и изменети низа предложени решенија од новиот Закон за високо образование.