Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Средба на родителите на жртвите од Кочани со директорот на Судска медицина – анализите се направени и ќе бидат јавно презентирани во Суд

Дел од родителите на децата што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дел од родителите на децата што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска имаа средба со директрот на Институтот за судска медицина во Скопје  Александар Станков, од кого пред неколку дена побараа одговори за токсиколошките анализи од обдукцијата на телата на жртвите.

Директорот на Институтот за судска медицина во Скопје, Александар Станков, во изјава за медиумите по средбата, рече дека разговарале и им било објаснето се што треба и дека сите докази ќе бидат јавно презентирани во судница. 

-Разговаравме и објаснето им е се што треба досега да се објасни. Како што и претходно дадов изјави, се што е побарано од нас е завршено и сите докази ќе бидат јавно презентирани во текот на судската постапка – изјави Станков. 

Реклама

Александар Наунов, татко на Надица Наунова која загина во пожарот, а кој е претседател на Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, по средбата со директорот на Судска медицина Александар Станков, изјави дека ги примил и разговарале, но дека не може да дава никакви податоци за извршените анализи, уверувајќи дека материјалите се предаени на Обвинителството. 

-Денеска не прими директорот Александар Станков, со него разговаравме. Тој не може да каже од што и како е, тоа мора да биде изведено на суд – изјави Наунов. 

На средбата, како што појасни Наунов, добиле само потврда дека се направени токсиколошки анализи. 

-Ние имавме и претходно средба со него, затоа што тој сам ни кажа дека тоа ќе влијае на судењето и било што да се изведе, ние да го дознаеме, пред да го даде на судот. Затоа го почитуваме и имаме доверба во Институтот и ќе чекаме со нетрпение да дојде рочиштето, да ја слушнеме правата вистина за нашите деца од што починале – изјави Наунов. 

Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, кој избувна на 16 март 2025 година и во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. 

Судењето се наоѓа во фаза на доказна постапка и се испитуваа сведоци предложени од обвинителството. Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевски, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.