Реклама
Македонија

Средба на Пејковски со Јанчев по повод 20 години од основањето на македонскиот КИЦ во Софија

Директорот на Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Софија, Зоран Пејковски, и градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Софија, Зоран Пејковски, и градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, одржаа работна средба во духот на празникот „Св. Трифун“, со фокус на продлабочување на институционалната соработка и промоција на македонското културно наследство и современото творештво.

Како што се наведува во соопштението од КИЦ, на средбата, биле разгледани конкретни чекори за идната соработка, вклучително и можност за потпишување Меморандум за соработка, со цел воспоставување рамка за реализација на заеднички културни проекти и програми. 

Во рамки на средбата, Пејковски му доделил Плакета на градоначалникот Јанчев, како признание за неговата континуирана поддршка и вложеност во афирмацијата на македонската култура. Во соопштението се посочува дека средбата се одржала во знакот на 20-годишнината од основањето на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, кој е основан во 2005 година.