Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Средба на Лабудовиќ со претседателот на Демократската партија на Ромите и со претставници на Движењето за демократија, права и слобода

Во пресрет на изборите, расте поддршката за кандидатот за градоначалник на Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на изборите, расте поддршката за кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, чија визија за инклузивен, развиен и современ Центар сè повеќе ги обединува различните заедници, стои во соопштението на Движењето ЗНАМ.

Денес, Лабудовиќ оствари две исклучително важни и конструктивни средби – со претседателот Миљазим Сакипов и Демократската партија на Ромите, како и со претставниците на Движењето за демократија, права и слобода (ДПС). На овие средби беше потврдена заемната доверба, заедничката визија и определбата за општина што ќе биде пример за еднаквост, достоинство и меѓусебна почит.

„Нашиот Центар е пример за различност што обединува, и токму во таа различност е нашата најголема сила. За мене, тоа не е само политички став, туку лична определба. Верувам во Центар каде што сите – без разлика на вера, нација, возраст или социјален статус – ќе имаат еднакви можности да живеат подобро, да учествуваат во одлуките и да се чувствуваат вреднувани“, изјави Лабудовиќ по средбата.

Реклама

Тој истакна дека во наредниот период, заедно со овие партнери, ќе работи на реални решенија што ќе го подобрат секојдневието на граѓаните: подобра инфраструктура, повеќе услови за младите, поддршка за образованието и вработувањето, како и вистинска интеграција на сите заедници во општинскиот живот.

„Центар треба повторно да стане место на доверба и заедништво, општина што слуша, почитува и делува – за секој граѓанин, во секое маало. Со оваа поддршка, испраќаме силна порака дека Центар може да биде симбол на современа, хумана и европска општина што ќе ги обедини луѓето околу доброто, а не околу поделбите,“ додаде Лабудовиќ.

Поддршката од ДПС и Демократската партија на Ромите е потврда дека визијата за Центар како дом на сите добива сè поголема сила и општествено признание. Таа е доказ дека заедништвото и почитта се темелите врз кои може да се гради вистинска иднина.

„Центар е наш заеднички дом. Со заедничка работа, љубов и искреност, ќе го направиме место на еднакви можности, достоинство и гордост за сите негови жители,“ порача Лабудовиќ.