Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Средба на директорот на ТИРЗ со сопственикот на компанијата „Zenith Water Heater“

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, денеска оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, денеска оствари средба со Куреш Мукадам, сопственик на компанијата за производството на висококвалитетни системи за загревање вода „Zenith Water Heater“, на која се разговараше за тековните активности на компанијата и можностите за нови инвестиции во рамки на зоните, соопштуваат од ТИРЗ.

На средбата, Димовски ги презентирал инвестициските можности што ги нуди државата преку ТИР зоните, при што ја нагласил активната институционална поддршка за потенцијалните инвеститори, стабилната деловна клима и поволностите за долгорочен раст и развој на компаниите кои работат во зоните.

Како што се наведува во соопштението, сопственикот на „Zenith Water Heater“ изразил интерес за инвестирање, и ги претставил плановите за проширување на деловните активности, имајќи предвид дека компанијата веќе е присутна во земјава. Тој ја истакнал позитивната соработка со институциите, како и значењето на поддршката при носењето одлуки за нови инвестиции. 

Реклама

– Компанијата „Zenith Water Heater“, со седиште во Аџман, Обединетите Арапски Емирати, е меѓу водечките светски производители на бојлери и системи за загревање вода. Како подружница на Star Industrial Products LLC, компанијата нуди сигурни и ефикасни решенија за домаќинства, бизниси и индустрии, а своите производи ги пласира на пазарите во повеќе од 30 земји на Блискиот Исток, Азија, Европа и Африка, стои во соопштението.