Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Македонија

Средба Муцунски – Петрова во Софија

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, ќе се сретнат денеска во Софија, на маргините од Меѓународната конференција за развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8. 

Средбата е и официјално потврдена, а како што информира вчера премиерот Христијан Мицкоски, форматот и начинот на нејзиното одржување дополнително ќе бидат утврдени.

-Во текот вчерашниот ден добивме официјална потврда за билатерална средба, а форматот и начинот дополнително стои во дипломатската нота дека ќе бидат договорени. Така што утре ќе има билатерална средба, ќе видиме во кој формат и како ќе изгледа таа средба, дали ќе биде pull-aside, дали ќе биде билатерална на маргините на Самитот за Коридорот 8. Сепак е ова мултилатерален настан, да видиме како тоа домаќинот ќе го организира – изјави вчера Мицкоски.

Реклама

За пораките што ќе бидат испратени на средбата истакна дека во фокусот ќе биде потенцирањето дека само со дијалог може да се надмине моменталната состојба.

-Нашите пораките се јасни, дека само со дијалог можеме да дојдеме до решение од оваа состојба во којашто во моментот се наоѓаме, дека ние сме за добрососедски односи и ние сакаме што побргу да ја реализираме нашата стратешка цел, да бидеме дел од Европската Унија, нешто што многу одамна го заслуживме – рече Мицкоски.

Иницијативата за средбата произлезе за време на неодамнешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје. Мицкоски на заедничката прес-конференција со Фон дер Лајен, на која порача дека Европската Унија би требало да се вклучи во разговорите меѓу Македонија и Бугарија и да помогне во создавање услови за одржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, а обврските ќе важат за сите, изјави и дека од неа добил совет како еден од чекорите за приближување за ставовите да биде токму престојната средба. 

Уште истиот ден Муцунски испрати дипломатска нота за иницирање средба со неговата бугарска колешка Петрова, во обид да се поттикне процесот за надминување на пречките и бугарската блокада на македонската евроинтеграција. Бугарското Министерство за надворешни работи по оваа информација за БТА потврди дека шефовите на дипломатиите на двете земји ќе имаат можност да се сретнат на маргините на Министерска конференција, Петрова, а македонското МНР пoтврди дека е побарана средба меѓу министерот за надорешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова на маргините на состанокот во Софија.

Очекувањата од македонска страна се преку директен дијалог, во добра волја и со взаемно почитување, да се отворат можности за деблокирање на интегративниот пат, при што се нагласува потребата од одржливо решение кое нема повторно да го изложи пристапниот процес на нови билатерални условувања.

Средбата меѓу двајцата министри за надворешни работи доаѓа и откако Европската комисија објави предлог за идното проширување, во кој меѓу другото се предлага квалификувано мнозинство за отворање на преговорите и постепена интеграција, но со заштитни клаузули што треба да обезбедат дека новите членки ќе го почитуваат тоа на што се обврзале во преговорите.