Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Средба Милошоски – Декарт: Поддршка од Швајцарија за парламентарната отчетност и транспарентност

Значењето на долгогодишната поддршка што Швајцарија ја обезбедува за институционалниот развој и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Значењето на долгогодишната поддршка што Швајцарија ја обезбедува за институционалниот развој и јакнењето на демократските процеси во Собранието, беше истакнато на денешната средба на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски со Северин Декарт, раководител на секцијата за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка.

-Потпретседателот Милошоски ја потенцираше улогата на Швајцарската агенција за развој, како и на Националниот демократски институт (NDI), како значајни партнери и поддржувачи на Собранието. Тој истакна дека преку заедничка соработка се реализираат повеќе проекти насочени кон унапредување на парламентарната отчетност, транспарентноста во работењето и зајакнување на капацитетите на законодавниот дом, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.

Соговорниците, како што тои во оопштението, разменија мислења за тековните активности и можностите за понатамошно продлабочување на соработката, со цел дополнително унапредување на демократските стандарди и ефективноста на парламентарната работа.

Реклама

Потпретседателот на обранието Милошоски посебна благодарност упати и до амбасадорот Зомер и неговиот тим за нивната континуирана поддршка во реализацијата на заедничките иницијативи и проекти, кои имаат значаен придонес во процесите на институционален развој и зајакнување на демократските вредности во земјата.