Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Средба Хоџа-Рокас: Зелената агенда и Поглавје 27 во фокус на европските интеграции

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во Македонија, на која беше разговарано за напредокот во усогласувањето со европските политики за животна средина и клима, како и за спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан, соопштија од МЖСПП.

На средбата, министерот Хоџа истакнал дека Северна Македонија вложува значителни напори за усогласување на законодавството и институционалните системи со правото и политиките на Европската Унија, преку интензивни законодавни активности, јакнење на административните капацитети и реализација на значајни инвестиции во инфраструктура и нови технологии.

Посебен акцент бил ставен на Поглавјето 27-Животна средина и климатски промени, кое претставува едно од клучните поглавја со најголем финансиски импакт во процесот на пристапните преговори. Министерот нагласил дека успешното спроведување на обврските не е можно без континуирана поддршка од Европската Унија, која преку ИПА програмите, Инвестициската рамка за Западен Балкан и Планот за раст останува клучен партнер на државата.

Реклама

-Европската Унија е најголем донатор и најзначаен сојузник на Македонија во унапредувањето на европските стандарди за заштита на животната средина. Фокусот на реформите останува насочен кон управувањето со водите, управувањето со отпадот и подобрувањето на квалитетот на воздухот, области кои бараат силна координација меѓу централната и локалната власт, како и активно учество на јавноста, се вели во соопштението од МЖСПП.

Во рамки на разговорот било истакнато дека спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан е стратешки приоритет на Владата. Министерот Хоџа потсетил дека Владата го усвоила Националниот акциски план за Зелената агенда за периодот 2025–2027, со што Северна Македонија станала прва земја во регионот со ваков документ изработен според иновативна методологија.

На средбата била изразена заедничка подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката меѓу Македонија и Европската Унија, со цел успешно спроведување на реформите, ефективно користење на европските фондови и забрзување на процесот на европска интеграција во областа на животната средина и климатските политики.