Камиони, пари, станови и земјиште, освен ова, властите во Белград му замрзнаа имот на бизнисменот и белорускиот конзул во Македонија Борче Марковски кој е осомничен за злоупотреби во РЕК „Битола“ тешки 1,7 милиони евра.
Српските власти замрзнаа имот од фирма во Белград која е поврзана со Марковски, бидејќи постои сомневање дека имотот е стекнат со пари од кривичните дела за кои е отворена истрага во Македонија. Но, не е само имотот, српските власти треба да го обезбедат и отворат сефот на Марковски кој го чувал во една српска бнка и засега е непознато што се – се крие во сефот на белорускиот конзул.
ОЈО Битола побарало итно да биде замрзнат имот од надлежните органи во Србија кој вклучува 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025-та за фирма со седиште во Белград. Возилата не смее да се продаваат и да се употребуваат.

Инаку, во соопштението на Обвинителството не е наведено за кое лице станува збор, сепак од контекстот, како и наведениот датум, во него повеќе од јасно е дека станува збор за бизнисменот Борче Марковски.
Од српските органи беше побарано да забранат на правното лице од Белград, на неговиот управител или на друго лице во нивно име да ги отуѓува, оптоварува или да располага со моторните возила за кои постои сомнение дека се набавени и претставуваат посредна имотна корист од кривичните дела за кои е отворена истрага, велат од Јавно Обвинителство.
Не само во Белград и во Македонија на Марковски замрзнати му се и околу 30 милиони денари од неговите лични сметки и сметки на неговата фирма, која исто така е опфатена во истрагата. Три стана, градежбна парцела, три товарни и едно патнипчко возило. Битолското Обвинителство побарало забрана за Марковски да располага со сиот движен и недвижен имот кој го поседува бидејќи има сомневање дека незаконски се стекнати и во иднина можат да бидат конфискувани.
На почетоот на месец октомври Обвинителството во Битола отвори истрага против Марковски и уште седум други лица поради основани сомненија дека тие како група сториле кривични дела поврзани со јавна набавка за дислокација на погонски станици од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“.
Меѓу другите осомничени, еден е вработен во „Марковски компани, додека другите се поранешни раководители во Комбинатот. Меѓу нив е поранешниот директор во РЕК „Битола“, Пеце Матевски, кој веќе е обвинет во предметот „Адитив“, исто така за злоупотреби за кои веќе се води судски процес. Тие се товарат дека, опремата што „Марковски компани“ требало да ја дислоцира, според рударскиот проект за експлоатација на рудникот за кој била наменета, воопшто не била предвидена.
