Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

СПМ: На 123 годишнината од погибијата во спомен на Гоце Делчев – Социјалистот и Апостолот на македонската слобода

Денес, на 4 мај, се поклонуваме пред ликот и делото на Гоце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, на 4 мај, се поклонуваме пред ликот и делото на Гоце Делчев, чија жртва во с.Баница во 1903 година стана вечен симбол на македонскиот непокор, се наведува во соопштението од СПМ.

За нас Делчев не е само историска фигура; тој е социјалист, анархист и визионер кој веруваше во свет разбран како поле за културен натпревар меѓу народите. Неговата борба не беше само за територијална слобода, туку и за социјална правда и достоинство на секој човек, без разлика на вера и нација.

Ќе потсетиме на  неговиот отпор кон великобугарскиот врховизам и обидите на монархиите да го искористат македонското движење за свои шовинистички цели, туѓи на македонскиот народ.

Реклама

Оттаму, денес е неприфатлива трговијата со идентитетот и запоставувањето на потребите на современиот македонски граѓанин за сметка на лажен економски романтизам и празни и лицемерни ветувања повторно понудени од одродени поединци и политички партии.

За разлика од нив за нас социјалистите идеалите на Делчев имаат најнепосредна поврзаност со подоцнежната антифашистичка борба која ја воспостави Македонија според неговиот светоназор со што неговите идеали биле остварени во повоеното социјалистичко уредување.

Делчев беше револуционер кој ги обединуваше угнетените маси под знамето на автономна Македонија, градена врз принципите на единството и еднаквоста.

Неговата порака денес е поактуелна од било кога, борбата за слобода е нераскинливо поврзана со борбата против експлоатацијата и неправдата.

Гоце Делчев е нашиот историски поттик, паметник на македонската Организација, симбол на исконската идеја за Македонија и патоказ на борбата за Татковината која никогаш не престанува..

Вечна му слава!