Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

СПМ: Конгресните предлози на ДУИ се насочени кон рушење на уставниот поредок и слабеење на државата

Социјалистичката партија на Македонија конгресните предлози, кои ги формулира претседателот на ДУИ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Социјалистичката партија на Македонија конгресните предлози, кои ги формулира претседателот на ДУИ Али Ахмети, смета дека се насочени кон рушење на уставниот поредок и слабеење на државата, се вели во соопштение од СПМ.

Под формата спроведување на Рамковниот договор Ахмети бара примена на принципот на Бадентер да се прошири и за извршната власт при избор на Влада и за донесување на одлуките на Уставниот суд. Така како што тој ја замислува демократијата со вткаен големо албански шовинизам кој не се ни обудува да го сокрие.

Тој бара да се подреди државата и системот под владеење на ДУИ. Да се минимизира важноста на мнозинството во државата, а да се мајоризира малцинството. Апсурдни неприфатливи барања кои не постојат во ниту еден правен систем.

Реклама

Дрските и безобѕирни предлози на Ахмети сигурно би ги прифатиле од СДСM. Но не и Коалицијата на власт која не треба да им посвети никакво внимание, сметајќи ги најмалку како несериозни или повеќе противзаконски.

Социјалистичката партија на Македонија на јавноста и укажува дека наместо унитарна ДУИ предлага нестабилна држава каде малцинството ќе го подреди мнозинството и ќе предлага одлуки кои ќе ја блокираат државата, а се и против интересите за нејзиниот раст и развој.

Социјалистичката партија на Македонија се залага за правна и демократска држава на сите граѓани согласно со Уставот и законите што е веќе уредено и признато во меѓународни рамки.

Секое барање надвор од тоа е против интересите на граѓаните, државата и на македонскиот народ, но и против самиот систем и надвор од законот што претставува и повод за институционална реакција.