Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

СПМ: Да ги чуваме идеалите на илинденците и асномците

Илинден е најголемиот македонски национален празник и еден од најсветлите симболи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илинден е најголемиот македонски национален празник и еден од најсветлите симболи на нашата историја, државност и национален идентитет. Двата Илиндена – 2 август 1903 година, кога започна Илинденското востание, и 2 август 1944 година, кога се одржа Првото заседание на АСНОМ – се темелите врз кои е изградена современата македонска држава. Тие не се само историски датуми, туку вечни светилници што нè потсетуваат на цената што е платена за нашата слобода, достоинство и државност, се наведува во честитката од СПМ, што МИА ја пренесува интегарлно.

Со длабока почит и благодарност им оддаваме признание на илинденците, на борците од Народноослободителната борба и на сите генерации кои со својата пожртвуваност, храброст и љубов кон татковината ги поставија темелите на независна и суверена Македонија.

Нивниот подвиг нè обврзува денес да бидеме единствени, одговорни и посветени во градењето на држава во која владеат демократијата, правото, солидарноста и еднаквите можности за сите граѓани. Само со заемна почит, меѓусебна доверба и заедничка работа можеме да обезбедиме стабилна, просперитетна и сигурна иднина за Македонија.

Реклама

Илинден не е само сеќавање на славното минато, туку и силна инспирација за иднината. Во време на нови предизвици, нашата најголема сила остануваат единството, сплотеноста и љубовта кон татковината. Само обединети можеме да создадеме посилна, поправедна и поуспешна Македонија за сегашните и идните генерации и да го заштитиме и сочуваме македонскиот народ од недобронамерните посегања однадвор.

Со благодарност кон нашите предци и со непоколеблива вера во иднината, да продолжиме достоинствено да ја чуваме, развиваме и унапредуваме нашата татковина, следејќи ги идеалите на илинденците и асномците.

Честит и вековит нека е Илинден – Денот на Републиката!

За вечна, обединета и просперитетна Македонија!