Реклама

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

Прилози

Спасовски од Пензионерски синдикат: Со линеарното покачување се спречува дополнително осиромашување на пензионерите со ниски примања

Пензионерскиот револт на највисоко ниво. Тие утре во 11 часот ќе излезат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пензионерскиот револт на највисоко ниво. Тие утре во 11 часот ќе излезат на протест пред Уставниот суд, незадоволни што уставната судијка Добрила Кацарска, на своја иницијатива го оспори последното линеарно зголемување од 1.000 денари, кое го смета за неуставно. Додека се чека на конечната одлука на Уставниот суд, пензионерите решија да го кренат својот глас и да ги кажат нивните аргументи. Тие сметаат дека историски рекордно е покачувањето од 6.000 денари во три наврати за година и пол и тоа така треба и да продолжи. Доколку протестот утре не вроди со плод, протестите ќе продолжат.

Од Пензионерскиот синдикат сметаат дека линеарното зголемување е направено особено за оние со најниски пензии. Тие сметаат дека Властите треба да ја заштитат категоријата поранешни работници, за кои во време на тешката транзиција компаниите не им уплаќале придонеси и сега имаат ниски примања.

„Социјалниот аспект на Фондот е тој да не генерира социјални случаи, затоа што Фондот сепак треба да води сметка за најниските примања на пензионерите. Од таа гледна точка, линеарното усогласување произлегува како најправедно во однос на она ако се земат в предвид порастот на трошоците на живот, односно инфлацијата, бидејќи поскапувањата се однесуваат на сите подеднакво“ – вели Маријан Спасовски од Пензионерскиот синдикат.

Реклама

Со линеарното покачување пак, се намалува јазот меѓу просечната пензија и просечната плата – велат од Пензионерскиот синдикат. Европските практики се просечната пензија да достигне барем 60 отсто од просечната плата, за да можат  пензионерите да имаат каков таков животен стандард.

„Сметам дека овој начин на усогласување придонесува просечната пензија во однос на просечната плата постепено да расте. Во последните година дена, имаме пораст на просечната пензија во однос на просечната плата од некаде 6 до 7% , во однос кога просечната пензија учествуваше со 51,3%, а сега е 57% кон 58% од платата“ – вели Маријан Спасовски од Пензионерскиот синдикат.

За директорот на Фондот за пензиско осигурување, Никола Мемов линерното зголемување е оправдано за задржување на животниот стандард на највозрасната категорија граѓани. Тој смета дека потегот е исправен бидејќи цените подеднакво се покачени за сите. Мемов вели дека исплатата на пензиите ќе продолжи да биде редовна и дека Фондот воопшто не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање.

„Ублажувањето односно ценовните шокови, инфлација и така натаму подеднакво влијаат на сите граѓани во државата. Лебот, млекото, јајцата и останатите производи подеднакво се поскапени или услугите и за вас и за мене. Барањето на сите релевантни здруженија на пензионери, вклучувајќи го и најголемото здружение, тоа е Сојузот на здруженија на пензионери во Република Македонија, беа во насока на линеарно зголемување на пензиите и Владата тоа го испочитува. На крајот на краиштата, ние како Фонд за пензиско инвалидско осигурување не ги носиме политиките во оваа сфера. Ние сме инструмент за имплементација на политиките што ги усвојува Владата преку Собранието. Владата е таа којашто ги носи овие законски решенија“ – вели Никола Мемов – директор на Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија

Инаку вчера , лидерот на опозициската СДСМ Филипче рече дека од линерното зголемување штета ќе имаат над 90% од пензионерите кои инаку би добиле плус 1200 до 1500 денари. За следниот март предвидено е пензионерите пак да добијат линеарно покачување од 1000 денари, додека во септември да важат старите одредби од Законот за процентуално усогласување согласно швајцарскиот модел.