Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Советот на амбасадори изразува загриженост за најавената примена на „ETIAS“ системот

Советот на амбасадори на Македонија изразува загриженост во врска со најавената примена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на амбасадори на Македонија изразува загриженост во врска со најавената примена на „ETIAS“ системот и посочува дека неговата имплементација во сегашната форма веќе резултира со блокади на граничните премини во земјите од Западниот Балкан и создава значителни економски и оперативни ризици, како за регионот, така и за земјите-членки на Европската Унија (ЕУ).

Во соопштението на Советот се наведува дека иако воведувањето на „ETIAS“ е легитимно од аспект на безбедносната и миграциската политика на ЕУ, Советот укажува дека дополнителните административни процедури во услови на геополитичка неизвесност имаат мултипликативен негативен ефект врз трговијата, инфлацијата и конкурентноста на европската економија.

– Во услови на изразена геополитичка неизвесност, нарушени глобални трговски текови и интензивирани напори за зајакнување на европските синџири на снабдување, секое дополнително административно забавување на транспортот од Западниот Балкан има мултипликативен негативен ефект врз трговијата, инфлацијата и конкурентноста на европската економија, директно афектирајќи ги бизнисите и граѓаните од двете страни.  Оттука, ова прашање не е регионално, туку заеднички економски ризик за ЕУ и нејзините најблиски партнери, стои во соопштението.

Реклама

Во ставот се наведува дека „ETIAS“ дополнително ги оптоварува постоечките гранични бариери, како што се долгите чекања, недоволната дигитализација и неусогласената примена на правилата меѓу земјите-членки. Советот оценува дека третманот на транспортните работници од Западниот Балкан со останатите работници од трети земји, не е во согласност со официјалниот статус на регионот како стратешки партнер на ЕУ.

– Истото е спротивно и на заложбите за олеснување на трговијата, економска конвергенција и постепена интеграција на Западниот Балкан во Единствениот пазар, предвидени во стратешките документи на ЕУ за Регионот, вклучително и во Планот за раст за Западниот Балкан од 2023 година. Без изземања или специјален режим за транспортните работници од Регионот, „ETIAS“ ја поткопува реализацијата на овие цели, наметнувајќи реален ризик де факто да ја продлабочи економската и регулаторната дивергенција меѓу ЕУ и Западниот Балкан, велат од Советот.

Ја поздравуваат стратегијата на ЕУ за трговската диверзификација и продлабочување на односите со други глобални партнери, но, исто така, нагласуваат дека е неопходна регионална кохерентност, имајќи предвид дека компаниите од Западниот Балкан се вбеќе длабоко интегрирани во европските производствени синџири.

Оттука, Советот на амбасадори ја повикува Европската комисија итно да обезбеди привремено и практично решение, преку преоден период, изземања или воспоставување специјален режим за професионалните возачи од Западниот Балкан, со цел да се спречат понатамошни блокади на граничните премини и нарушување на редовните транспортни текови. Во спротивно, се предупредува дека примената на „ETIAS“ во сегашната форма носи не само економски, туку и сериозен репутациски ризик за процесот на проширување и кредибилитетот на политиките на ЕУ во Регионот.