Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Прилози

Состојбата со обилните врнежи низ државата е стабилизирана

Состојбата со обилните врнежи низ државата е стабилизирана. Во Ресен, Битола и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбата со обилните врнежи низ државата е стабилизирана. Во Ресен, Битола и Демир Хисар повеќе нема излевање на реките, а нивото на водата е значително намалено и во опаѓање. Штетите во домаѓинствата се санираат, а во Охрид по навлегувањето вода во подруми и дворови, сите надлежни служби интервенираа и каналите се расчистуваат. Иако нивото на реките сеуште е високо во целиот регион, од УХМР велат дека водостојот постепено се намалува, а во прилог оди и временската прогноза според која денеска и утре се очекуваат многу слаби локални врнежи. Деновиве зоголемено е и нивото на природните и вештачките езера.

„Водостоите на реките низ земјата остануваат сеуште високи во текот на денешниот ден, високи се насекаде, меѓутоа сите водостои бележат тренд на намалување веќе од текот на вчерашниот ден како и изутринава и со оглед на тоа што во текот на денешниот ден се очекуваат многу слаби и локални врнежи од дожд, ваквиот тренд се очекува да продолжи и во текот на денешниот ден. Исто така како резултат на овие обилни врнежи од дожд во последниве неколку денови се зголемија и нивоата на природните и вештачките езера низ земјава. Пред се се наполнија помалите акомулации, оние кој што не служат за приозводство на електрична енергија, меѓутоа и кај поголемите е забележана некоја стапка на пораст на нивното ниво.“– изјави Атанас Угрински, хидролог од УХМР.

Од УХМР додаваат дека во текот на наредните денови се очекува да преовладува променливо време, со појави на сонце, но сепак не очекуваат пониски температури од оние што ги имавме до сега. А на повисоките региони во северозападниот дел се очекува врнежите од дожд да преминат во снег.

Реклама

„Веќе од вторник па се до сабота ќе имаме претежно облачно време и врнежливо, особено во среда и во четврток, пообилни врнежи се очекуваат во четврток во текот на денот, а повторно на повисоките планини во северозападните делови, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во однос на температурата вече од среда поради облачноста ќе биде повисока, додека дневната нема многу да порасне. Еве најниска дневна температура во петок и во сабота во интервал од 6 до 12 степени“– изјави Јулијана Мишкоска Фиданоска, синоптичар од УХМР.

Во регионот поплави има и во Албанија која беше зафатена од невреме проследено со интензивни врнежи од дожд. Под вода се стотици хектари земјиште, а предизвикана е и голема материјална штета на зафатените куќи. На Балканот снег ја зафатија Босна и Херцеговина и Хрватска. Метеоролозите предупредуваат дека врнежите во овие региони ќе продолжат и наредните денови, со повремени разведрувања и нови циклони.