Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Соработката со Словачка во фокусот на средбата меѓу Савески и Хрицова

Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески, оствари средба со амбасадорката на Словачката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески, оствари средба со амбасадорката на Словачката Република, Ивета Хрицова, на која главна тема беше унапредувањето на билатералната соработка, со посебен акцент на европските реформски процеси во работата на Јавното обвинителство.

Како што соопштуваат од ЈОРСМ, на средбата биле разгледани конкретни можности за продлабочување на соработката преку директни контакти со словачкото обвинителство. 

– Меѓу клучните активности во претстојниот период, преку контакти со словачкото обвинителство, ќе биде иницирана размена на искуства во повеќе области, студиски посети, како и испитување на можностите за потпишување меморандум за соработка меѓу македонското и словачкото обвинителство – стои во соопштението од ЈОРСМ.

Реклама

Соговорниците се осврнале и на актуелните предизвици во гонењето на висока корупција, при што беше нагласена потребата од поефикасни механизми за спречување на одолговлекување на постапките.