Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Соработката на македонската и италијанската полиција во фокус на средба меѓу надлежните во Рим

Унапредување и продлабочување на билатералната соработка меѓу македонската и италијанската полиција, со посебен акцент на заедничкото справување со современите безбедносни предизвици – како што се тероризмот, организираниот и транснационалниот криминал, илегалната миграција, киберкриминалот, криминалот поврзан со криптовалутите и криптопазарите, како и превенцијата од криминал преку интернет. Тоа било тема на разговор на денешната средба во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унапредување и продлабочување на билатералната соработка меѓу македонската и италијанската полиција, со посебен акцент на заедничкото справување со современите безбедносни предизвици – како што се тероризмот, организираниот и транснационалниот криминал, илегалната миграција, киберкриминалот, криминалот поврзан со криптовалутите и криптопазарите, како и превенцијата од криминал преку интернет. Тоа било тема на разговор на денешната средба во Рим на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, со генералниот директор на италијанската полиција, а во организација и со поддршка на проектот EU4FAST – соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Како полициски служби, кои се соочуваат со исти или слични безбедносни закани, беше потврдена подготвеноста за понатамошно интензивирање на размената на информации, податоци и оперативни искуства поврзани со криминалните активности на поединци и организирани криминални групи, со цел поефикасно откривање, спречување и сузбивање на сите форми на криминал – информираа од МВР.

Особено внимание било посветено на идните заеднички проекти во областа на обуките, тренинзите, едукацијата и размената на знаења и добри практики, особено во борбата против тероризмот, киберкриминалот, илегалната миграција, злоупотребите поврзани со криптовалутите, како и примената на современи аналитички методи и алатки во полициското работење.

Реклама

– Во духот на меѓусебната доверба и партнерство беше потврдена подготвеноста за воспоставување поцврста институционална рамка на соработка преку подготовка на меморандум или протокол за соработка, со јасно дефинирани директни контакт-точки од двете полиции за секоја област од заеднички интерес. На овој начин ќе се овозможи побрза комуникација, поефикасна координација и навремена размена на информации и оперативни сознанија – додадоа од МВР.

Како што информираа од МВР, била потврдена подготвеноста за развивање идни заеднички регионални иницијативи и проекти имајќи предвид дека безбедносните предизвици денес не познаваат граници и бараат координиран, партнерски и регионален пристап.

– Македонската и италијанската полиција остануваат искрени и доверливи партнери, кои преку пријателство, меѓусебна поддршка и професионална соработка даваат значаен придонес кон националната, регионалната и глобалната безбедност. Заеднички градиме посилни институции, посигурни општества и побезбедна иднина за македонските и италијанските граѓани – истакнуваат од МВР.