Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Соработка на Царината и Агенцијата за храна и ветеринарство за фер пазар и спречување царински измами со храна

Фер конкурентност на економијата преку откривање царински измами со храна, зголемена безбедност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фер конкурентност на економијата преку откривање царински измами со храна, зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап на Царинската управа и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и олеснување и забрзување на легалната трговија преку усогласување на смените на двете институции. Ова се конкретните резултати од мерките на институциите, коишто беа дефинирани од директорите на Царинска управа Бобан Николовски и на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов.

На денешниот состанок Николовски и Миланов истакнаа дека дефинираните мерки веќе имаат видливи резултати кои се препознаени од страна на бизнис заедницата и граѓаните.

– Увозите на храна каде се сомневавме дека неправилно ја распоредуваат стоката ги ставивме на критериум на ризик, при што откривме повеќе случаи на царински измами каде увозите се распоредувале во тарифни ознаки со пониски царински стапки со цел избегнување плаќање давачки. Поднесени се кривични пријави за царинска измама и остварена е дополнителна наплата на приходи по овој основ. Преку координиран пристап со АХВ овозможуваме уште пожестока борба со ваквите кривични дела, истакна Николовски.

Реклама

На состанокот се договорени и нови мерки се со цел дополнително олеснување на трговијата, на коишто двете институции ќе работат во следниот период.

– Во изминатиот период беа извршени и обуки за контрола на увозите и извозите на храна, како и контрола на внес и изнес на миленици, приспособени на реални сценарија, со цел истите да бидат ефикасни. По овој повод директорот Миланов, на директорот Николовски, му врачи сертификат за успешно реализирани обуки. Царинската управа ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот, информира Царинската управа.