Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Прилози

Сонцето носи заштеда – Кавадарци ја врати инвестицијата во фотоволтаици за четири години

Пред четири години, инвестираните 5,5 милиони денари во фотоволтаични централи на 10…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред четири години, инвестираните 5,5 милиони денари во фотоволтаични централи на 10 јавни институции во градот, Општина Кавадарци целосно ја поврати инвестицијата. Дополнителна придобивка е што вака добиената електрична енергија со моќност од 200 киловати ќе се користи и во наредните 16 години, а заштедените средства ќе можат да се употребуваат за други услуги на граѓаните.

„Досега имаме произведено 4 гигават-часови. Инвестицијата е комплетно вратена, тоа сакам да го дадам како податок – дека инвестицијата е комплетно повратена, а рокот на употреба е над 20 години на истите фотоцентрали. Значи, ни остануваат уште 16 години благодет за јавните институции“, вели Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Охрабрени од ваквите придобивки од инвестирањето во обновливите извори на енергија, општината веќе работи и на нови вакви проекти. Фотоволтаични централи ќе добијат болницата, судот, домот за култура, но и приватни објекти, кои пак ќе бидат субвенционирани од општината со 50 проценти од вредноста.

Реклама

„Општина Кавадарци, еве со одлуката на Совет, а на наш предлог, се охрабри и донира дел од истите фотопанели и да монтира во Општата болница 70 киловати фотоцентрала која што, за информација на јавноста, трошоците на Општата болница ќе ги намали за 40.000–50.000 денари на месечно ниво, или на годишно ниво трошоците ќе бидат намалени за 10.000 евра, кои што како пари ќе остануваат во болницата за подобрување на услугите или за купување на некаква опрема“, појаснува Јанчев.

Како дополнителен импакт од овие заштеди преку обновливите извори на енергија е можноста да се подобруваат севкупните услови во сите јавни установи, дециден е Јанчев, поради што веќе интензивно се работи на нови 20 локации, со однапред направена анализа за годишната потрошувачка на енергија, во смисла на тоа колкава фотоцентрала треба да биде инсталирана за да може инвестицијата да биде оправдана, а средствата – повратни.

Инаку, Општина Кавадарци е една од првите општини која уште пред четири години пристапи кон овој модел за заштеда на електричната енергија и за зачувување на животната средина, помагајќи им на јавните институции, но и на над 35 приватни лица.