Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Социјалните мрежи вријат по одлуката на Шилегов да ја урива Универзалната сала

Каде исчезна изборното ветување на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за нов модерен…

Сподели:

Каде исчезна изборното ветување на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за нов модерен објект на култната Универзална сала?

„Градската администрација веднаш ќе ја одблокира постапката за реконструкција на Универзалната сала“, рече градоначалникот Петре Шилегов во октомври 2017-тата, за време на кампањата за локалните избори.

Проектот „Јајце“, кој требаше да го замени стариот дотраен објект, Шилегов го поништи, но потпиша договор за нова реконструкција. Обновата беше закажана за лани, но остана само на хартија. Градоначалникот дури и најавуваше дека објектот ќе биде готов за две години, која на новата сцена ќе се прослави јубилејното издание на детскиот фестивал „Златно Славејче“.

Реклама

„Им ветив на Златните славејчиња дека во новиот објект ќе го слават 50-годишниот јубилеј“, рече Шилегов во мај 2018.

Но, вчерашната објава дека старото обележје на Скопје, Универзалната сала наместо да се реновира ќе се урива, за да никне парк со отворена летна сцена, ги зовре социјалните мрежи. Граѓаните му порачуваат да ги засука ракавите и да урива диво изградени објекти, наместо да се занимава со Универзалната сала.

„Сите архитекти ја гушкаа ГТЦ, излегуваа на ТВ, протестираа… Ќе ја реновирале со фасада. Универзална им е преку улица на архитектонски факултет. Ќе ја рушеле од темел. И никој ни два збора не кажа за нејзиното рушење… Скинете си ги дипломите!“, пишуваат корисник на Твитер.

„Јас израснав позади Симпо, Карпош еден. Универзална сала ми е еден од симболите на Скопје, од Златно славејче, концерти, театарски претстави… По мене треба да се реновира и остане еден од симболите на градот“, коментираат на социјалните мрежи.

„Шилегов, ако сакаш нешто да рушиш, руши ја платформата на Матка и зградата пред Мавровка“, вели корисник на Твитер.

И актерот Драган Спасов – Дац се огласи на Фејсбук, Вели реалноста е дека објектот е стар и дотраен, но смета оти треба да се изгради нов.

„Универзална сала треба и мора да добие ново руво и потоа ќе ги собира дотераните и напарфимираните гости кои ќе се гордеат со новото здание. Да, ја сакам Универзална сала, но сакам да биде нова!“, пиша Дац на Фејсбук.

Лани во јули Град Скопје доби 30 милиони денари од државниот буџет за реконструкција на Универзална, ама од тогаш до сега во објектот ни камче не е поместено. Сега градските власти објавија конкурс за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за отворена летна сцена со парк. Колку ќе чини проектот не се открива во огласот. Идеите треба да се достават до 28 август.

Биљана Божиновска