Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Собраниска делегација во набљудувачка мисија на изборите во Казахстан

Делегација на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата и потпретседател на ПС на ОБСЕ, како и Бобан Карапејовски, заменик-член на Делегацијата, учествуваа во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на предвремените парламенарни избори во Казахстан, што се одржаа на 23 август 2026 година.

Овие избори следат по уставниот референдум во Казахстан со кој се воведе единствена изборна единица на национално ниво, примена на пропорционален изборен систем со затворени листи и низа други промени.

Потпретседателот на ПС на ОБСЕ, Габор Хајду (Романија), ја извршуваше функцијата специјален координатор на ОБСЕ и шеф на краткорочните набљудувачи на изборите, додека Луција Тацер Перлин (Словенија) беше шеф на делегацијата на ПС на ОБСЕ.

Реклама

Мисијата на ПС на ОБСЕ се состои од парламентарци од земјите учеснички во ОБСЕ, кои се распоредени за набљудување на парламентарните избори во главниот град Астана, како и во другите региони на Казахстан. Набљудувачите на ПС на ОБСЕ тесно соработуваа со колегите од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОБСЕ/ОДИХР) со цел да добијат повеќе информации за спроведување на парламентарни избори во земјата.

Пред денот на изборите, набљудувачите добиј детални брифинзи од претставници на Централната изборна комисија, политичките партии, граѓанското општество, медиумите и независните експерти. По дводневни длабински дискусии, парламентарците од ОБСЕ ќе се распоредат низ Казахстан за да го оценат изборниот процес.

Тимот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија ги набљудуваше изборите во различни делови на главниот град Астана и околината, при што посетија околу 12 изборни места и поднесоа писмени извештаи за своите согледувања. 

Изборите ќе се оценуваат според демократските заложби содржани во Копенхашкиот документ на ОБСЕ од 1990 година. Нивните наоди ќе бидат сумирани и анализирани со цел да се вклучат во прелиминарните заклучоци на меѓународната мисија за набљудување на изборите, кои ќе бидат претставени на заедничка прес-конференција на 24 август.

Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување на избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите на ОБСЕ во врска политичките, безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите права и животната средина.