Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030  и 40-ина закони по скратена постапка

Собранието попладнево во рамки на 121. седница ја донесе Националната стратегија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието попладнево во рамки на 121. седница ја донесе Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година и над 40 закони по скратена постапка, со кои се прават измени заради усогласување на постојни закони со Законот за високи раководители.

Целта е да се воспостави единствен систем за избор, именување, услови и одговорност на високите раководни службеници во државната управа и фондовите, што ќе го подобри нивното раководење и управување. 

Пратениците од СДСМ гласаа против за сите закони, кои на седницата беа изгласани без дискусија. Координаторот Оливер Спасовски образложи дека нивната пратеничка група не дава поддршка затоа што, рече, со предложените 44 закони се врши усогласување за конкретни лица кои раководат со институции и кои немаат специфично образование во областа. Како што рече, ова не е никаква реформа туку крајно несериозен пристап на Владата и министерот за јавна администрација 

Реклама

-Дигнитетот на Собранието се чува и со ставање потпис на тоа што го предлагате во Собранието и кога ќе ставите потпис на нешто треба да стоите зад таа работа. Заради овој несериозен однос на Владата односно министерот за јавна администрација кој бега од Собранието на усогласување на законите и затоа што немаме никаква реформа, СДСМ и коалицијата гласаат против за сите законски текстови, рече Спасовски.

Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година, која беше изгласана во Собранието, е стратешки документ – рамка за интегрирани мерки и активности насочени кон намалување на бројот на жртви и повредени во сообраќајни незгоди и кон создавање безбедна, ефикасна и одржлива патна инфраструктура. 

Со овој документ се поставуваат темелите за долгорочна политика на безбедност во сообраќајот, тој е националната рамка преку која државата воспоставува системска, научно заснована и долгорочна политика за намалување на ризиците во сообраќајот. 

-Преку континуирано следење на воспоставени индикатори, модернизација на инфраструктурата и обновување на возниот парк, како и преку координирани активности на институциите, се создава основа за намалување на бројот на жртви и сериозни повреди за најмалку 50 проценти до 2030 година, во согласност со европските цели, се наведува во образложението на законскиот текст.

Стратегијата е изготвена врз основа на анализа на тековната состојба и ја следи рамката на Европската Унија за безбедност на патиштата 2021–2030 и принципите на Safe System, кои ја поставуваат човековата безбедност во центарот на системот на мобилност. 

Се заснова на создавање систем кој обезбедува максимална заштита на човечкиот живот и промовира активен, безбеден и одржлив транспорт, при што приоритет се дава на пешаците, велосипедистите и сите ранливи категории на учесници во сообраќајот. 

Документот предвидува интегриран пристап кон планирањето на транспортот, урбанизмот и животната средина, поттикнувајќи рационално користење на просторните ресурси, намалување на зависноста од моторните возила и унапредување на јавниот и алтернативните видови превоз.