Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Собранието и Бреинстер Некст потпишаа Меморандум за соработка

Претседателот на Собранието Африм Гаши и директорот на Бреинстер Некст Петар Ниноски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши и директорот на Бреинстер Некст Петар Ниноски денеска потпишаа  Меморандум за соработка.

Како што информира собраниската прес-служба, со Меморандумот се утврдува рамка за заеднички активности насочени кон унапредување на образовното искуство и поттикнување размена на знаења и добри практики.

– Соработката предвидува активности кои ќе овозможат практична вклученост на студентите преку програми за практикантство во рамки на собраниската служба, учество во реални проекти и решенија во координација со Собранието, како и размена на знаења преку сесии и гостински предавања поврзани со дигиталната трансформација и е-управувањето. Дополнително, се предвидува и учество во хакатони и натпревари, како и можност за дефинирање и други форми на соработка, стои во соопштението. 

Реклама

Од Собранието на Македонија наведуваат дека остануваат посветени на иницијативи што придонесуваат за развој на човечкиот капитал, јакнење на институционалните капацитети и поддршка на младите преку современи форми на соработка со образовниот сектор.